
Здраво, јас сум Слаѓана Јарчевски и сум мајка на двајца тинејџери. По потекло сум од Хрватска каде го започнав моето образование. Завршив средно медицинско школо, насока медицински лаборант-техничар. Но поради војната, фамилијарно се преселивме во Скопје. Се вработив во болница, на оддел за трансфузиона медицина. За потребите на работата, завршив обука за трансфузист. Во меѓувреме, се запишав на студии и воопшто не беше лесно да се работи (со дежурства и терени каде собиравме крв од доброволните дарители) и да се студира, но тоа ми даде една голема дисциплина и организираност во животот. По завршувањето на студиите, станав дипломиран прехрамбен и биотехнолошки инженер и добив ново работно место во болницата, почнав да работам како диететичар (нутриционист) и од тогаш работам со пациенти клиничка диететика. Тренутно сум при крај со магистерските студии по нутриционизам.
Како сум по природа радознала, наидов на поим реики и се зинтересирав да ја проучам енергијата. Ги завршив сите 3 степени и станав реики мастер. Секако дека не застанав тука. Следствено на тоа, почнав да ја проучувам јогата. Завршив обука за јога инструктор и се насочив за пренатална и постанатална јога. Сега предавам јога на идни мајки, им помагам да го опуштат телото и да го отворат духот и сетилата, да се припремат за таа прекрасна улога – да се биде мајка.
Некако, сите овие насоки ме навеле да го отворам умот и да ги раширам хоризонтите. Секојдневно гледајќи го и испитувајќи ја здравствената состојба на моите пациенти, ме наведе да помислам, ако се смени животниот стил (не само исхраната, туку и начинот на размислување, а со тоа и делување) може многу да се постигне, и тоа не само на здравствената состојба на телото, туку и на емотивна и ментална слика на нас самите. Бидејки, човекот е, сепак, една целина. Затоа се дообучив на Корнеловиот Универзитет за whole-food plant-based исхрана. Ова исхрана има поширока примена, како симфонија на сложени интеракција во човеково тело, а не само насока кон поедини хранливи материи и механизми. Исто така, знаењето го надополнив со функционален нутриционизам и механизми во човеково тело.
