бургери од киноа со спанаќ

Состојки:

  • 400 гр варена киноа (околу 180 гр сурова)
  • 100 гр овесни снегулки
  • 150 гр урда
  • 4 јајца
  • 200-220 гр сецкан свеж спанаќ (или околу 400-450гр замрзнат, стопен и исцеден)
  • половина лажичка сол
  • зачини по вкус

Подготовка:


Добро измијте ја киноата и згответе ја во дупло количество вода со малкуцка сол 15тина минути, но ако остане вода по готвење, исцедете ја. Во сварената киноа додадете овесни снегулки, урда и зачини. Додадете јајца и сецкан спанаќ. Ако користите замрзнат спанаќ, прво стопете го и исцедете ја водата. Добро комбинирајте ги сите состојки. Смесата мора да биде сува (ако има течност, додадете уште малку овесни снегулки, но внимавајте дека тие ја впиваат течноста па не додавајте веднаш многу).
Обликувајте ги топчињата со рацете и потоа обликувајте ги бургерите и наредете ги на хартија за печење. Можете да ги посипете со сусам од горе.
Печете 20 минути на 180 степени.