Ако Попај Морнарот може да ја добие својата сила од спанаќот, тогаш и Вие ќе ја имате затоа што овој лиснат зеленчук се смета за суперхрана. А причината е поради големиот број на хранливи материи и нискокалоричност
Спанаќот е зелен лиснат зеленчук кој потекнува од Персија. Припаѓа на семејството амаранти и е поврзан со цвеклото и киноата
Некои од моќните здравствени придобивки од спанаќот е тоа што овој зеленчук помага во стабилизирање на нивото на гликоза во крвта, помага во намалување на ризикот од рак, го подобрува оксидативниот стрес, здравјето на очите, крвниот притисок и е добар за здравјето на коските
Спанаќот е зеленчук кој е исклучително богат со хранливи материи. Тој има високи количини на каротеноиди, витамин Ц, витамин К, железо, магнезиум и калциум.
- витамин А – спанаќот е богат со каротеноиди, кои телото може да ги претвори во витамин А
- витамин Ц – овој витамин е моќен антиоксиданс кој го поттикнува здравјето на кожата и имунолошките функции
- витамин К – овој витамин е неопходен за згрутчување на крвта. Имено, еден лист спанаќ содржи повеќе од половина од Вашите дневни потреби
- фолати или витамин Б9 – ова соединение е од витално значење за бремените жени и од суштинско значење за нормална клеточна функција и раст на ткивото
- железо – спанаќот е одличен извор на овој есенцијален минерал. Железото помага да се создаде хемоглобин, кој носи кислород во ткивата на телото
- магнезиумот – неопходен за енергетскиот метаболизам, одржување на мускулната и нервната функција, редовен срцев ритам, здрав имунолошки систем и одржување на крвниот притисок. Магнезиумот исто така игра улога во бројни биохемиски реакции во телото
- калциум – овој минерал е неопходен за здравјето на коските и клучна сигнална молекула за нервниот систем, срце и мускули
Спанаќот има малку јаглехидрати, но богат со нерастворливи влакна. Спанаќот може да се пофали со многу растителни соединенија кои можат да го подобрат здравјето, како што се лутеин, кемпферол, нитрати, кверцетин и зеаксантин
- лутеин – ова соединение е поврзано со подобрување на здравјето на очите
- кемпферол – овој антиоксиданс може да го намали ризикот од рак и хронични болести
- нитрати – спанаќот содржи големи количини на нитрати, кои може да го поттикнат здравјето на срцето
- кверцетин – овој антиоксиданс може да спречи инфекција и воспаление. Спанаќот е еден од најбогатите диететски извори на кверцетин
- зеаксантин – како и лутеинот, зеаксантинот исто така може да го подобри здравјето на очите
Видовме дека спанаќот се покажал за многу здрав. Сепак, може да предизвика и негативни ефекти кај некои поединци. Луѓето кои се склони кон бубрежни камења треба да избегнуваат спанаќ. Спанаќот со својата зелена боја е многу богат со витамин К, што може да биде проблем за луѓето кои користат лекови за разредување на крвта
Но, која верзија е најздрава – замрзнат или свеж? Варен или сиров?
- свеж е најдобар – за да ги искористите сите хранливи состојки од спанаќот, купете го свеж и јадете го истиот ден. Замрзнат е добар избор, но ако го користите замрзнат, оставете го да се одмрзне, но не го гответе двапати – со тоа ќе се намали нивото на фолати, важен витамин Б за здравјето на срцето.
- готвењето или пржењето ги зголемува неговите нутритивни придобивки – тоа е затоа што спанаќот содржи оксална киселина, органска супстанца која може да ја попречи апсорпцијата на основните хранливи материи како калциум и железо. Бидејќи оксалатите се растворливи во вода, тие можат да се намалат со бланширање, варење и фрлање на течноста во која се готвел спанаќот. И топлината може да ја разложи оксалната киселина што ќе му овозможи на телото да апсорбира поголеми количини на витамини, калциум, железо и влакна. Сепак, многу фитонутриенти може да се уништат со процесот на готвење. Покрај тоа, витамините растворливи во вода, како што се витаминот Ц и Б, може да се растворат во водата за време на процесот на готвење. И затоа кога јадете сварен спанаќ, Вашето тело апсорбира повисоки нивоа на витамини А и Е, протеини, влакна, цинк, тиамин, калциум и железо, важни каротеноиди, како што се бета-каротен и лутеин. Но, сировиот спанаќ е сепак одличен избор, бидејки ќе ги добиете придобивките од поголема апсорпција на витамин Ц кога ќе го јадете суров.
- комбинација на спанаќот со витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо
- добар е за дигестивно здравје – порадо големо количество на влакна, тој го олеснува запекот и ја штити слузницата на желудникот и ги исфрла токсините од дебелото црево
- бејби спанаќ е исто толку здрав како и спанаќот од зрели листови
