Состојки:
- 150 г киноа
- 300 мл вода
- 500 г спанаќ
- 1 праз
- 1 главица кромид
- 2 јајца
- сол, маслиново масло
Начин на подготовка:
Киноата добро исплакнете ја под вода и потоа ставете ја во 300 мл вода и варете на среден оган околу 15 минути, додека да ја впие течноста
На малку маслиново масло се пропржува ситно сецканиот праз, а потоа се додава сецканиот кромид. Посолете и продинстајте уште малку, па додадете исецкан спанаќ. По минута тргнете од оган и малку изладете. Вмешајте ги јајцата
Во огноотпорен сад со хартија за печење се става смесата, се измазнува и се пече околу еден час на 200 °С, до златно кафеава боја
