“You are what you eat or absorb?”

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Тоа си што јадеш“.

Но, во реалноста, тоа е повеќе како: „Вие сте она што апсорбирате“

Можеме да се храниме со ултра квалитетни хранливи намирници, но, ако не можеме правилно да ја апсорбираме храната, нема ниту да ги почуствуваме сите придобивки

За да бидете сигурни дека ги добивате сите тие вредни хранливи материи од храната што ја јадете, важно е цревата да се во одлична состојба. Подригнување, надуеност, киселина, гасови, брзање за во тоалет или не одење со денови се знаци дека има проблем некаде во дигестивниот систем

Но, како хранливите материи се апсорбираат во телото? Наједноставната верзија на овој процес има пет чекори:

჻ џвакање и потикнување на ензимите во устата

჻ разгорување и мешање со киселина (желудечен сок) во желудникот

჻ апсорпција во тенкото црево – центарот за апсорпција на хранливите материи

჻ влез во крвотокот

჻ протеини кои ги транспортираат хранливите материи до клетките и нивниот влез во нив

Патувањето на хранливите материи е многу сложено, но и интересно. Апсорпцијата на хранливи материи вклучува:

↬ обезбедување на правилно функционирање на дигестивниот систем

↬ конзумирање на најбиорасположивите форми на основни макронутриенти

↬ правилно подготвување на храна како житарки, мешунки, зеленчук, јаткасти плодови и семки

↬ вежбање и практикување на свесноста

5 едноставни совети за подобрување на апсорпцијата на хранливи материи од храната

  1. Мудро комбинирајте ја храната

Комбинирање на храната игра голема улога во апсорпцијата на хранливите материи. Протеините се најважните хранливи материи за која треба да водиме сметка кога комбинираме различни намирници. Вклучете храна богата со протеини во секој оброк за да добиете максимална искористливост.

Еве некои од комбинации кои можат да Ви помогнат да го извлечете максимумот од хранливите материи преку храната што ја јадете:

  • железо и витамин Ц: за да го апсорбирате не-хем железо присутно во храната од растителен извор, треба да го искомбинирате со храна богата со витамин Ц. Тоа е затоа што витаминот Ц помага да се разложи не-хем железо во форма што може да се апсорбира и користи од страна на клетките. Затоа исцедете лимон во салата од спанаќ или испијте чаша сок од портокал откако ќе изедете оброк богат со железо.
  • калциум и витамин Д: за силни и здрави коски, потребна е соодветна количина на калциум. Но, за да ја помогнете апсорпцијата на овој минерал од исхраната и додатоците, потребен е витамин Д. Затоа, јадете разновидна храна богата со калциум, како што се млечни производи, тофу итн, со житарки, млеко или сок од портокал.
  • масти и витамини растворливи во масти: за апсорпција на витамини растворливи во масти како што се витамин А, витамин Д, витамин Е и витамин К, потребни се масти. Ова е причината зошто треба да јадете храна богата со овие витамини со храна која може да обезбеди добри количини на масти како што се јаткастите плодови, семките од тиква, маслиново масло итн. На пример, треба да изедете неколку јаткасти плодови за да се обезбеди апсорпција на витамин А и витамин К присутни во зеленолиснат зеленчук.
  1. Џвакајте ја храната внимателно

Ако сте тип што сè изедува во рок од 5 минути, тогаш не ја џвакате храната правилно. Кога ја џвакате храната, таа не само што ги активира ензимите присутни во устата, туку тие помагат и во варењето.

Според една студија од 2009 година објавена во Американскиот весник за клиничка исхрана, мастите и витамините како витаминот Е биле полесно достапни и се апсорбирале кога учесниците во студијата џвакале бадеми 40 пати наспроти кога џвакале само 10 пати. Тоа е затоа што џвакањето го разградува клеточниот ѕид на бадемите и на тој начин помага во апсорпцијата на хранливите материи. Затоа не заборавајте да ја џвакате храната полека и правилно за да обезбедите апсорпција на хранливи материи од храната.

  1. Јадете храна со внимание

Не само што јадете, туку и како јадете влијае на процесот на варење. Кога сте под стрес, мозокот ослободува хормони на стрес, како што е кортизолот, со што срцето чука побрзо. Стресот го забавува празнењето на желудникот и времето на транзит низ цревата и влијае на варењето, апсорпцијата и метаболизмот на хранливите материи присутни во храната.

Се препорачува да се јаде со внимание, со уживање кон секој залак. Не го одземајте вниманието со телефони или гледање телевизија додека јадете. Уживајте во секој залак што го јадете бидејќи помага во лачењето на дигестивните сокови во желудникот и овозможува да се измеша со внесената храна.

  1. Овошјето се јаде или се пие?

Отсекогаш ни велеле дека е подобро да се јаде овошјето отколку да се пие сокот. Сепак, тоа не е секогаш точно. Апсорпцијата на хранливи материи од одредени видови сокови е подобра од целото овошје. Според една студија објавена во списанието Molecular Nutrition & Food Research, апсорпцијата на каротеноидите (едно од соединенијата во витаминот А) полесно се апсорбира од сокот од портокал отколку од целите портокали. Тоа е затоа што влакната присутни во целото овошје може да се врзат за одредени микронутриенти што ги спречуваат овие хранливи материи да се апсорбираат во тенкото црево.

Сепак, нивоата на витамин Ц апсорбирани од целите портокали и сокот од портокал остануваат исти. Пиењето сок од портокал секој пат не е добра идеја бидејќи му недостасуваат влакна. Оттука, се препорачува да се јаде овошје, како и да се пие сок од портокал за да се извлечат максимум хранливите материи од овошјето.

Според Journal of Food Science, можете да правите smoothie кој ги задржува влакната од овошјето и зеленчукот заедно со подобрување на апсорпцијата на различни хранливи материи. Сепак, како општо правило, се советува правилно да го џвакате овошјето отколку да пиете сокови.

  1. Вклучете ензими, пробиотици и пребиотици во исхраната

Бактериите помагаат во разградувањето на честичките од храната, а со тоа ја максимизираат апсорпцијата на хранливите материи од цревата. И затоа вклучете пробиотици како јогурт и ферментирана храна како кисела зелка, кефир, комбуха, кисели краставички итн во исхраната за да ја зголемите апсорпцијата на хранливи материи. Храната како мешунките, јаболкото, кромидот, лукот, компирите и овесот, кои се пребиотични намирници, им помагат на пробиотичните бактерии во апсорпцијата на хранливите материи од храната. А тука се и диеталните влакна кои ја подобруваат апсорпцијата на минералите како што се магнезиум, железо и калциум.

Некои хранливи материи се апсорбираат полесно од другите. На витамините од Б групата им се потребни функционални микровили во тенкото црево за оптимална апсорпција, што е проблем кај луѓето чии црева се оштетени од глутен. Така, оние кои се чувствителни на глутен речиси секогаш имаат недостаток на витамини од групата Б.

Ако често се чувствувате тешко и надуено после јадење, препорачувам користење на дигестивни ензими кој содржат амилаза, протеаза, липаза, лактаза и целулоза заедно со добар пробиотик.