stress away – инстант одомор на прво вдишување

Живееме под голем стрес, и позитивен и негативен, што понекогаш телото не знае да ја препознае состојбата на релаксација и спокој па често ни треба помош за да ги намалиме тензиите и напнатоста

Од нас мајките се очекува да имаме супер моќи и да завршиме милион обврски во текот на денот. Кога почнав да ги користам овие мали моќни шишенца, искрено не верував дека тие ќе бидат секојдневен ритуал во мојот исполнет ден

Кога мирисате нешто, малите нервни завршетоци во носот пренесуваат пораки до мозокот, а делот од мозокот кој го складира мирисот е веднаш до лимбичкиот и меморискиот дел од мозокот. Сè е поврзано! Кога ќе вдишете длабоко или само ќе ја помирисате оваа мешавина, ќе се испратат пораки за длабока релаксација, смиреност и спокојот до мозокот!

Капнете масло на дланка, втријте и вдишете неколку пати длабоко или нанесете го зад увото, над срцето, на клучните коски и зглобовите

Што сѐ има во мешавината Stress Away?

~ copaiba традиционално се користи за релаксирање на телото и за подигнување на расположението. Таа е засилувачко масло, кое ги интензивира ефектите на другите етерични масла. Има топла, шумска арома која го смирува и телото и умот

~ лимета има жив, свеж мирис кој истовремено е стимулирачки и освежувачки. Тоj помага да размислувате појасно, да ја подобрите меморијаta и ѝ дава на оваа мешавина еден зачин што прави да се чувствува како маргарита во форма на етерично масло

~ cedarwood смирува со својата способност да ја релаксира нервната напнатост. Историски гледано, кедровото дрво го користеле северноамериканските Индијанци за да ја подобрат нивната духовна комуникација. Создава симболичен ефект на „чадорот“ кој ја штити земјата и внесува енергија од универзумот. Денес кедрово дрво често се користи за смирување на гневот и нервната напнатост

~ окoтеа смирува и емоционално балансира

~ лавандата е неверојатно смирувачка и релаксирачка. Не постои систем на телото што не го потпомага, што ја прави идеална да му даде на телото дополнителен поттик во неговата благосостојба.

~ ванила со нејзиниот еугенол кој е одличен во борба против нервната напнатост, а воедно дава привлечна и пријатна арома

Stress Away помога да ги отпуштите научените и генетските обрасци на ментален, емоционален, духовен и физички стрес. Ќе Ви помогне да ја насочите свесноста за тоа што треба да промените. Запомнете, не можете да промените она за што не сте свесни!

Неколку начини на употреба:

~ затоа секој ден по капка-две Stress Away и капка портокал и расположението се подобрува за минутка. Апсолутно совршено! Комбинација со пеперминт во дифузер и веќе сте на море, а со лимон те подига и те буди

~ ставете капка на палецот, а потоа ставете го палецот на горното непце за веднаш да се смирите

~ редовно го ставам и во путерот за тело, бидејќи кога неговиот мирис ќе се измеша со путер од какао, се добива таков прекрасен мирис кој потсетува на Јафа кекс