Irish soda bread

  • 1 ½ шоља растително млеко (или млеко по избор)
  • 1 ½ лажица сок од лимон (или јаболков оцет)
  • 250 г бело брашно
  • 150 г интегрално брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажичка сода бикарбона

Загрејте ја рерната на 220°С и припремете плех со хартија за печење. Започнуваме со правење на „матеница“ – измешајте го сокот од лимон во млекото и оставете ја смесата да отстои најмалку 5 минути

Во поголем сад измешајте ги брашната, солта и содата. Направете дупка и истурете ја „матеницата“. Со рака мешајте со кружни движења. Ако тестото е доста влажно, ставете брашно од страните на тестото и потоа превртете го за сите страни да се побрашат. Тестото префрлете го во плех. Со остар нож, исечете длабок крст во лебот. Одозгора украсете го со овесни или семки по желба. Печете го 30-35 минути додека не порумени и звучи шупливо


Каков е ова ☘️„St. Patrick’s Day“☘️ ако не се погостиме со класиката – ирскиот сода леб, и тоа во посна варијанта (да ги испочитуваме и нашите обичаи за овој период)

☘️Зошто сода?

Сода бикарбона е, всушност, натриум бикарбонат. Таа е нешто што е долго позната во историјата на храна, бидејки се користела за многу работи – уште од древниот Египет каде што се користела за сушење и зачувување на мртвото тело. Кога се меша со вода, таа е добро средство за чистење и дезинфицира до одреден степен

☘️Што прави содата за да нарасне лебот?

Сода бикарбона прави базна средина (висока pH) и кога се меша со кисела, како матеница – сок од лимон, предизвикува создавање на меурчиња, на CO2 и тоа е она што се заглавува во лебот за да нарасне. И топлината предизвикува содата да испушта CO2, но само одреден дел

☘️Кој ја откри реакцијата на сода?

Различни култури ги открија многуте употреби на содата. Домородните Американци се заслужни за некои од првите откритија дека постои супстанца што помага да се „квасува лебот“. Холанѓаните ги открија магичните квалитети за растење кога требаше да го продолжат траењето на брашното. Тие додале супстанца од креда во прав која има слични квалитети на сода бикарбона. Кога додале киселина во мешавината од брашно, како матеница, забележале дека тестото се крева кога се пече

☘️Зошто големиот X во лебот со сода?

Постојат различни приказни зад потеклото на крстот во лебот. Легендата вели ако има зли духови тие нема да се заробат во лебот, туку ќе побегнат бидејки се веруваше дека крстот како религиозен симбол ќе ги исплаши сите зли духови. Но, пекарите велат дека тоа е само начин да се направи природно раздвојување, за полесно печење и лесно да откинување на лебот…Мене легендите поубаво ми звучат. А на Вас?

*слободно додадете неколку лажици шеќер во лебот заедно со суво грозје или друго сушено овошје за слатка варијанта