природен антибиотик – THIEVES

Еден од најпопуларните мешавини на Young Living. Ова масло има антибактериски, антивирусни и антифунгални својства и за разлика од вештачките антибиотици, патогените микроорганизми не можат да станат отпорни на многуте природни соединенија што се наоѓаат во оваа мешавина. Темелно е истестирано и истражувањата ја потврдија неговата моќ – убива 99% лоши микроорганизми во воздухот.

Ова масло се базира на состојките пронајдени во „Оцет од четворицата крадци“. Ова е мешавина што крадците ја користеле за време на епидемијата на чума во 15 век за да се заштитат себеси од чумата при грабежот на куќите на оние што починале од оваа болест. Тие велат дека казната им била намалена на суд под услов да ја откријат тајната на оваа мешавина.

Содржи каранфилче (Syzygium aromaticum), лимон (Citrus limon), цимет (Cinnamomum verum), еукалиптус (Eucalyptus radiata) и рузмарин (Rosmarinus officinalis).

На духовно ниво, ова масло многу брзо ги чисти негативните емоции и вибрации. Ставете во дифузер кога малку е емотивно наполнета просторијата или работното место за поопуштена атмосфера.

Во зависност од состојбата во која се наоѓате, thieves-от може да се пие, да се става во дифузер или да се мачка на телото. Првен мора да се разреди, најчесто во однос 1:4 (1 капка thieves со 4 капки базно масло: V6, кокос, бадем, маслиново)

  • направете спреј со дестилирана вода, малку базно масло, малку алкохол и thieves и испрскајте ги маските за лице
  • за здрави десни се мачкат непцата
  • при настинка се пие 1-2 капки со малку мед и смесата помалку се раствора во устата
  • за болки во грлото, гаргара 1-2 капки измешани со топла вода
  • редовно се мачка една капка на стапалата за да се зајакне имунитетот
  • користете го како средство за дезинфекција ставајќи го во вода за миење садови, вода за перење под или за дезинфекција на површини
  • ставете 3-5 капки во вода во која ќе ги натопите нозете за да се ослободите од бактерии и габи
  • кај забоболка нанесете го на непцата за да ја ублажите болката