проја од киноа

Состојки:

  • 1 чаша киноа
  • 3 јајца
  • 1 чаша рендани тиквички
  • 1 чаша козјо сирење (урда или моцарела)
  • половина чаша сечкан магдонос или спанаќ
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Исплакнете ја киноата и ставете да се кисне околу 2 часа. Истурете ја водата и ставете нова дупла количина на вода и малку сол заедно со киноата на оган да се вари, околу 15тина минути.

Откако ќе биде сварена, измешајте со јајцата (за протеинска верзија, ставете 2 цели јајца и 2 белки), тиквичките, сирењето и магдоносот (или спанаќот) во еден голем сад. Мешајте со мешалка додека не добиете еднолична смеса и додадете малку сол и бибер. Од добиената смеса истурете во тавче за мафини (излегуваат околу 12 поголеми мафини).

Загрејте ја рерната на 200 *С и печете 30 минути.