тајната на copaiba

Етерично масло Copaiba претставува дестилирана пареа од смола што се вади од дрвото копаиба во Бразил. Ова дрво расте до 30 метри и може да преживее и над 400 години, а има жолти цветови и црвеникаво овошје. Интересно е што едно дрво може да понуди до дванаесет литри масло секоја сезона!

Една од причините зошто Copaiba повторно доби на популарност во светот на етеричните масла е поради нејзината способност да комуницира со ендоканабиноидниот систем. Откриен во 1990-тите кога истражувачите го проучувале тетрахидроканабинолот (THC – познат канабиноид), ендоканабиноидниот систем (ECS) е клучен за нашиот опстанок бидејќи игра клучна улога во одржувањето на хомеостазата на човечкото тело: болка, меморија, расположение, апетит, стрес, сон, метаболизам, имунолошка и репродуктивна функција.

За правилно функционирање на ECS, потребни се канабиноиди, соединенија создадени од телото и во природата (т.е. канабис), кои се врзуваат и ги активираат канабиноидните рецептори кои, пак, произведуваат различни физиолошки реакции, како што е ублажување на болката, ослободување од несоница, зголемен апетит, намален стрес, еуфорија и чувство на полетност.

 Двата рецептори кои се интересни вклучуваат:

~ CB1 рецептори – кои се наоѓаат во централниот нервен систем (т.е. мозокот и ‘рбетниот мозок). Може да предизвика чувство на полетност (како под дејство на опијати).

~ CB2 рецептори – кои се наоѓаат во периферниот нервен систем, имуните клетки, мускулите, кожата и виталните органи. Кога ќе се активира, нема да Ве „дигне“.

THC е познатиот канабиноид во канабисот и може да се поврзе со CB1 и CB2 рецепторите.

Каква врска има ова со ароматерапијата?

Па, поради бета-кариофиленот, првиот познат „диететски канабиноид“ кој е одобрен од FDA (препознатлив како безбеден) да се користи во храната. Што значи, кога користите копаиба, црн бибер или кое било етерично масло што содржи бета-кариофилен, го активирате ECS без никакви психотрофни ефекти (т.е. нема да Ве „дигне“).

Значи, да повториме, дали користењето на копаиба ќе Ве дигне како што тоа може канабис? Се разбира не!

Дали може да ви помогне на начини на кои може CBD? Да!

Топ 10 употреби на етеричното масло Copaiba

1. додадете капка во хидратантна крема за лице за да ја одржите кожата чиста и да ја намалите појавата на флеки

2. додајте неколку капки Copaiba во дифузерот за да ги смирите емоциите и да ги смирите вознемирените чувства

3. за да иницирате чист и мазен тен, комбинирајте ја Copaiba со кедрово дрво и кокосово масло и нанесете на лице

4. помешајте капка Copaiba со капка пеперминт по оброците за да го поддржите варењето

5. направете свој парфем користејќи етерично масло од Copaiba – добро се комбинира со римска камилица, кедрово дрво, сандалово дрво, темјан или иланг иланг. Можете да креирате своја мешавина во шише со ролер

6. опуштете се пред спиење со втривање во зглобовите или на градите или пак во дифузер заедно со лаванда и темјан

7. направете крема за масажа после спортување користејќи етерично масло Coapiba и пеперминт, за релаксација или болки во мускулите

8. серум за лице: 5 мл бадемово масло, 2 капки лаванда, 2 капки темјан, 1 капка копаиба – нанесена на кожата, таа е во интеракција со канабиноидните рецептори и го стимулира производството на хормони на среќа!

9. за респираторна поддршка, можете да го втриете (разредено) на градите заедно со R.C.

10. Copaiba може да го поддржи кардиоваскуларниот, имунолошкиот, дигестивниот, нервниот и респираторниот систем. Можете да додадете една капка во вода, сок или чај за да го поддржите здравјето на клеточно ниво

7 ПРИДОБИВКИ НА ЕТЕРИЧНО МАСЛО COPAIBA

Ова етерично масло има бледо жолта боја и има малку горчлив вкус. Смолата од која се извлекува маслото се користела како народен лек кој датира од 16 век.

  • ПРОТИВ ВОСПАЛУВАЊЕ И БОЛКА

Природно решение за болка веќе стотици години наназад. Всушност, амазонските традиционални лекари честопати го препишувале поради неговите антиинфламаторни својства. Една студија објавена во „The Journal of Ethnopharmacology “ откри дека главното соединение пронајдено во ова масло е бета-кариофилен. (1)

Бета-кариофилен е антиинфламаторно средство кое исто така има аналгетски својства или својства за ублажување на болка. (2) Друга студија го разгледуваше влијанието на употребата на етеричното масло од копаиба врз стаорци при дигестивни проблеми. Истражувачите откриле дека оние третирани со масло од копаиба покажале подобрување во воспалителниот одговор. (3) Додека друга студија покажа дека маслото од копаиба има периферен и централен антиноцицептивен ефект, што значи дека маслото го блокира откривањето на болен или повреден стимул. (4)

Овие студии сугерираат дека маслото не е корисно само како антиинфламаторно, туку може да се користи и како природен лек за болка.

  • ЗАШТИТА НА ЦРНИОТ ДРОБ

Не само што самата копаиба делува како лек против болки, туку може да помогне и во намалување на оштетувањето на ткивото на црниот дроб што е предизвикано од ацетаминофен, како што е тиленол. Едно истражување го мери ефектот на маслото од копаиба во оштетувањето на црниот дроб кое било предизвикано од ацетаминофен кај стаорци. Во студијата, истражувачите им давале масло од копаиба на стаорците 7 дена. Студијата покажа дека маслото го намалува оштетувањето на црниот дроб предизвикано од парацетамол или ацетаминофен. (5)

Важно е да се напомене дека ако сте заинтересирани за употребата на етеричното масло од копаиба за ублажување на болката или за заштита на црниот дроб поради рутинска употреба на ацетаминофен, од витално значење е да ги следите безбедносните упатства. Земањето премногу масло всушност може да предизвика штета.

Всушност, во студијата со стаорци, се покажа дека големите орални дози го зголемуваат билирубинот, што е знак за заболување на црниот дроб. Ограничете ја дозата на 1-2 капки секое земање и распоредете ги дозите на секои 4 часа. Најбезбеден начин за консумирање е во гел-капсула исполнета со маслиново масло или може да се разреди со кокосово масло и да се заслади со малку мед.

  • ЗАШТИТА НА МОЗОКОТ

Покрај самото масло, смолата од копаиба исто така делува како природно лековито решение. Олеоресини се природни мешавини на масло и смола кои се екстракт од растенија како дрвото копаиба. Овие мешавини со години се користат во традиционалното лекување и бразилската народна медицина.

Сепак, неодамнешните студии исто така покажаа дека третманот со олеорезин делува како невропротективно (го штити мозокот). Истражувачка студија објавена во Evidence-Based Complementary and Alternative Medicine, испитуваше како смолата од копаиба (COR) може да се користи како антиинфламаторно и невропротективно по нервни нарушувања.

Студијата користела возрасни стаорци за да ги испита антивоспалителните и невропротективните ефекти на COR по акутно оштетување на моторниот кортекс. Резултатите од студијата сугерираат дека „третманот COR индуцира невропротекција со модулирање на инфламаторниот одговор по акутно оштетување на централниот нервен систем“. (6)

  • АКНИ

Многу етеричните масла може да се користат за намалување на појавата на акни или за отстранување на други иритации на кожата. Маслото Copaiba не е исклучок. Неговите антиинфламаторни и антисептички својства го прават идеално природно решение за оние кои страдаат од акни. Кога се екстрахира од маслената смола, етеричното масло од копаиба може да се користи за ефикасно лекување на површинските акни.

Истражувачите спроведоа double-blind placebo контролирано клиничко испитување насочено кон тестирање на ефектите од етеричното масло од копаиба врз доброволци со акни.

Откако го дестилираа есенцијалното масло преку дестилација со пареа и го прочистија преку замрзнување за да ја отстранат преостанатата вода, истражувачите потоа го додадоа етеричното масло во гел кој се нанесува на местата погодени од акни. Резултатите покажаа дека има многу значајно намалување на површината зафатена со акни во областите кои биле третирани со 1,0% препарат од етерично масло од копаиба. (7)

  • АВТОИМУНИ ЗАБОЛУВАЊА

Истражувањето за употребата на маслото копаиба за автоимуни состојби е сè уште многу ново и експериментално. Сепак, интересно е да се забележи дека се прават истражувања за да се види како ова етерично масло може да обезбеди природна опција за третман за оние кои страдаат од автоимуни болести како мултиплекс склероза.

Во една неодамнешна студија, истражувачите покажаа како маслото од копаиба влијаеше на одговорот на имунолошкиот систем кај култивирани клетки од глувци со експериментален автоимун енцефаломиелитис (EAE). EAE е автоимуна болест која се наоѓа кај глодари и се користи за проучување на мултиплекс склероза. Резултатите од оваа студија сугерираат дека маслото од копаиба делува на механизмот на развој на ЕАЕ преку модулирање на имунолошкиот одговор. (8)

Повторно, ова истражување е сè уште многу експериментално, и ќе треба да се спроведат повеќе студии за да се утврди како маслото може да влијае на одговорот на имунолошкиот систем кај луѓето со автоимуни состојби. Сепак, ветувачки е да се видат овие резултати, кои сугерираат дека маслото може да им помогне и на оние кои страдаат од болести како мултиплекс склероза.

  • ГРИЖА ЗА ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ

Употребата на есенцијалното масло од копаиба, исто така, се покажа како ефикасно во грижата за оралното здравје. Иако повеќето етерични масла често може безбедно да се користат на кожата, многу од овие масла не се безбедни за орална употреба. Сепак, маслото од копаиба е безбедно ако се користи правилно. Студијата која имаше за цел да го процени цитотоксичниот ефект на запечатувачот на коренскиот канал на база на масло од копаиба, утврди дека маслото не е цитотоксично, што значи дека е безбедно и корисно како запечатувач на коренскиот канал. (9)

Понатаму, друга студија покажа дека маслото од копаиба е бактериостатски агенс кога се користи против Streptococcus mutans, бактерија која најчесто се наоѓа во човечката уста и е значаен придонесувач за расипување на забите. (10) Ова значи дека успеа да ги спречи бактериите да се размножуваат, што сугерира дека маслото од копаиба може да биде корисно за спречување на кариес. Затоа, мој совет е да додадете капка во масло при oil pulling за да го подобрите здравјето на забите.

  • ИНФЕКЦИЈА

Веќе разгледавме како може да се користи етеричното масло од копаиба за лекување на различни видови инфекции, како што се кожни проблеми. Сепак, има уште повеќе истражувања во врска со други видови на инфекции кои сугерираат дека маслото од копаиба исто така може да биде корисно во делувањето како природен лек за лекување.

Една таква студија ја разгледа употребата на етеричното масло од копаиба како профилактичен или превентивен пристап за оние со фекален перитонитис што доведува до тешка сепса. Оваа студија тестирала стаорци и ги мерила нивните стапки на преживување, споредувајќи ги животните на кои им била вбризгана копаиба пред да бидат заразени со оние кои биле инфицирани потоа. Интересно е тоа што оние животни кои биле третирани со копаиба пред да се разболат, преживеале од оние кои биле лекувани потоа. (11)

Се разбира, треба да се спроведат повеќе истражувања за да се донесе цврст заклучок, но ова сугерира дека луѓето склони кон инфекција – на пример, пред операција, пред хемо и слично – би можеле да имаат корист од безбедната, внатрешна употреба на маслото од копаиба .

Референци:

  1. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17446019
  2. https://pubchem.ncbi.nlm.nih.gov/compound/beta-caryophyllene
  3. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4737359/
  4. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17029841
  5. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23842934
  6. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3291111/
  7. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22502624
  8. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/25153880
  9. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4387623/
  10. http://dx.doi.org/10.1590/S0103-64402012000100006
  11. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/26352337