брауни од тиква и наут

Тиква, тоа есенско совршенство, ѝ привршува сезоната па заслужува да ја испратиме со убава рецепта и ја чекаме догодина пак 🧡

Состојки:

  • 1/2 чаша (85g) наут, варен3/4 чаша (180гр) пире од тиква
  • 3/4 чаша (180гр) путер од бадем
  • 1 лажица чиа семе (10гр) + 2 лажици вода (30мл) вода
  • 1/3 чаша (110g) јаворов сируп или маџун од урми
  • 2 лажици (30ml) кокосово масло, стопено
  • 1/2 чаша (50 гр) какао во прав
  • пола лажиче цимет
  • врв на лажиче мускатно оревче и ѓумбир во прав
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • малку сол
  • 1/4 чаша (50гр) исецкано чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 ° C и припремете сад за печење со големина 20x20cm со хартија за печење.
  2. Додадете ги сите состојки, освен исецканото чоколадо, во процесор и измешајте 30-40 секунди додека не добиете релативно мазно тесто.
  3. Додадете го исецкано чоколадото и поврзете ги состојките.
  4. Префрлете ја смесата во садот за печење и измазнете ја површината.
  5. Ставете го во рерна и печете 30-35 минути.
  6. По печењето, оставете да се излади целосно пред да го исечете. Чувајте во затворен сад.