Тиква, тоа есенско совршенство, ѝ привршува сезоната па заслужува да ја испратиме со убава рецепта и ја чекаме догодина пак 🧡
Состојки:
- 1/2 чаша (85g) наут, варен3/4 чаша (180гр) пире од тиква
- 3/4 чаша (180гр) путер од бадем
- 1 лажица чиа семе (10гр) + 2 лажици вода (30мл) вода
- 1/3 чаша (110g) јаворов сируп или маџун од урми
- 2 лажици (30ml) кокосово масло, стопено
- 1/2 чаша (50 гр) какао во прав
- пола лажиче цимет
- врв на лажиче мускатно оревче и ѓумбир во прав
- 1 лажиче сода бикарбона
- малку сол
- 1/4 чаша (50гр) исецкано чоколадо
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 ° C и припремете сад за печење со големина 20x20cm со хартија за печење.
- Додадете ги сите состојки, освен исецканото чоколадо, во процесор и измешајте 30-40 секунди додека не добиете релативно мазно тесто.
- Додадете го исецкано чоколадото и поврзете ги состојките.
- Префрлете ја смесата во садот за печење и измазнете ја површината.
- Ставете го во рерна и печете 30-35 минути.
- По печењето, оставете да се излади целосно пред да го исечете. Чувајте во затворен сад.
