билни чаеви во бременоста и во периодот на доење

Билен чај може да биде многу корисен за поддршка на здрава бременост и во текот на доењето. Иако билните чаеви содржат природни состојки, тоа не значи дека сите се нужно безбедни. За жал, поради недостаток на студии за повеќето билни чаеви, добро е тие да се користат со претпазливост. Оценките за безбедност тука се дадени од базата на податоци за природни лекови. Најдобар совет, за сепак да ја искористите нивната полезност, е да пиете само 1 до 2 шољи чај дневно и тоа да не пиете постојано ист билен чај во текот на целата бременост или доење. Секогаш бирајте органски и диви производи кога е можно за да избегнете пестициди и фунгициди!

Прв триместар:

  • Нане и ѓумбир (сигуерн) – овие можат да бидат корисни за гадење, вознемирен стомак, гасови и други дигестивни проблеми во првиот триместар;
  • Rooibos чај (сигуерн) – тој е нежен чај со пријатен мирис и е без кофеин и може да помогне во утринските мачнини. Иако нема кофеин, многу убаво делува на концентрацијата долж целиот ден;
  • Шипинки (недоволно веродостојни информации за сигурноста) – се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси за да помогнат во одржувањето на имунолошкиот систем додека е компромитиран во раните недели од бременоста;
  • Корен од глуварче (недоволно веродостојни информации за сигурноста) – е горчлива билка која е одлична во текот на целата бременост за да го поддржи варењето, да го смири и зајакне стомакот, да го подобри апетитот и да го поддржи црниот дроб кој работи прекувремено за време на бременоста. Богат е со витамин А, калциум и железо;
  • Камилица (недоволно веродостојни информации за сигурноста) – таа е одлична во бременоста. Може да помогне при гадење со опуштање на стомакот и намалување на киселинте. Исто така, го поддржува црниот дроб и ја намалува вознемиреноста или напнатоста. Богата е со калциум и магнезиум.

Втор триместар:

  • Коприви (види објаснување) – одлични се за вториот триместар за да се поддржи апсорпцијата на железото, да спречи крварење, да поддржи функцијата на бубрезите за регулација на течности и може да помогне со проширените вени. Богати се со витамини А, Ц, К, калциум, калиум и железо

* базата на податоци за природни лекови дава оцена за најверојатно небезбеден, иако се користат во безброј чаеви за бременост и се препорачани од повеќето акушери и билкари. Причина за ова е во однос кој дел од растението се користи, коренот или листот, и количината која се користи

Трет триместар:⠀⠀

  • Листот од малини (сигуерн) – богата со железо оваа билка помога во тонирање на матката, зголемување на производството на млеко, намалување на гадењето и олеснување на породилните болки. Може да почнете по 34та гестациска недела⠀⠀⠀

Во текот на доење:

  • Листот од малини (сигуерн) – пиењето чај од листот од малина за време на доењето и ефикасноста како галактагог (стимулација на млеко) е корисен за време на постпородилен период, бидејќи помага на матката да се врати во својата големина од пред раѓањето и спречува прекумерно крварење по породувањето;
  • Коприва (види објаснување погоре) –  го зголемува производството на млеко за време на доењето, помага при контрола на крварењето на матката по породувањето, ги намалува хемороидите, ги намалува грчевите во мускулите и ги стабилизира хормоните;
  • Камилица – за прв пат во 2018 година, ефектот на чајот од камилица за време на доењето беше документиран во студија каде што беше откриено дека е моќен галактагог (зголемена секреција на млеко);
  • Хибискус – што се однесува на доењето, студијата спроведена на стаорци во 2016 година покажа дека екстрактот од хибискус има лактоген ефект. Како што се вели во студијата, тие користеле екстракт од хибискус кој е многу посилен од самиот чај. Единствената опасност со консумирање чај од хибискус за време на доењето (или воопшто) може да настане доколку земате некој од овие лекови (хлорокин, ацетаминофен, диклофенак) бидејќи има потенцијал да реагира со нив;
  • Пискавица – овој чај е добар само за доење Повеќето од лековитите својства на пискавицата се наоѓаат во семето. Пискавица се смета за безбедна за доилки кога се користи умерено. Откриено е дека може да го зголеми производство на млеко кај доилка во рок од 24 до 72 часа по првото земање. Но, нејзината употреба во текот на бременоста е поврзана со голем број вродени малформации. Големите дози на овој чај се поврзани со намалување на апсорпцијата на железо и затоа внимателно со неа ако имате проблем со анемијата;
  • Анасон – содржи минерали и елементи во трагови како калциум, бакар, железо, магнезиум, манган и цинк. Исто така, содржи витамини А, Е, Ц и К. Во две мали студии, анасон беше поврзан со зголемување на количината на мајчиното млеко, содржината на маснотии и зголемување на телесната тежина кај доенчињата. Сепак, анасон не се препорачува за време на бременоста поради неговата естрогена активност што може да влијае на репродуктивните органи кај фетусите. Анасон, исто така, треба да го избегнуваат мајките ако тие или нивните доенчиња се алергични на моркови, целер или други растенија од семејството Apiaceae заради можна вкрстена алергеност.