Не сум сигурна како, но малтене преку ноќ, компирот стана „забранета храна“, а слаткиот компир се воздивна во редовите на супер храна.
Сладок компир или батат🍠
Потекнува од сосема друга група на корени, не се блиски по род со компирот ~ Подобар извор на витамин Ц ~ Мнооогу подобар извор на витамин А (во 100 гр се содржани над 100% од дневните препорачани вредности) ~ Малку подобар извор на влакна
Компир🥔
Подобар извор на железото и калиумот ~ Подобар извор на фолати ~ Има поголемо количество на отпорен скроб, посебно при готвење (отпорен скроб е тип на јаглерохидрат кој е задолжен за здравјето на цревната флора и учествува во контролата на крвниот шеќер и помага при согорувањето на мастите).

Имат многу слична енергетска и макронутритивна вредност ~ Треба и двата типа на компири да си го најдат местото во Вашето секојдневно мени ~ И она најважното е дека и двајцата имаат многу сличен гликемиски индекс, кој зависи од начинот на подготовка…. Имено, компирот неправедно е обвинет дека помага во дебелеењето. Но вистината е сосем поинаква…вистината е, всушност, во начинот на подготовка и користењето на други намирници додека се конзумира компир и тоа предизвикува да компирот потпомага во зголемувањето на телесната тежина (нпр. пржењето, индустриски процес за добивање на чипс, лоша комбинација во еден оброк и сл). Идеален метод за подготовка е печење, варење или готвење на пареа.
Наравучение: во биткава помеѓу двата компири очигледно е дека немаме победник. И двајцата имат преубави нутритивни вредности и убаво би било да се најдат во Вашето секојдневно мени. Многу рецепти со обичен компир ги знаеме па така еве еден брз рецепт за brownie од сладок компир:
Brownie од сладок компир

- Една шоља сварен и изгмечен батат,
- ¼ шоља какао,
- ½ шоља путер од јатки (бадем, лешник или кикиритки),
- ¼ шоља јаворов сируп.
Сето се мешува во мултипрактик и се пече 15тина мин на 180°Ц.
Уживајте!
