pumpkin pie parfaits

Парфѐ е традиционален француски десерт со слоеви сладолед или крем, овошје и други слатки нешта. Парфѐто е толку освежително за почеток на денот и дефинитивно е најздравиот и највкусниот појадок што ќе го пробате. Во ова парфѐ имате кремаст грчки јогурт, крцкава гранола и вистинско есенско кремасто уживање од тиква.

Ова парфѐ од тиква може да стои до 3 дена во ладилник. Препорачувам јогуртот и гранолата да ги чувате во посебни садови. Исто така, можете да го чувате во замрзнувач до 1 недела. После тоа јогуртот ќе почне да ја натопува гранолата и таа ќе ја изгуби својата крцкавост.

Нутритивно гледано, овој појадок е вистински моќен за почеток на денот! Тој изобилува со:

჻ витамин А, Б6, Ц и К
჻ железо, плус добар извор на калиум и калциум
჻ влакна и протеини
჻ една порција има: 355 калории, а од тоа 16 г шеќери од кои 6 г влакна, 15 г протеини и 13 г масти

за јогурт од тиква:

  • 1 1/2 чаша грчки јогурт
  • 1/2 чаша пире од тиква
  • 2 лажици маџун или мед
  • 1/2 лажичка зачин од тиква (види забелешка од претходниот пост)

за кокосова гранола:

  • 1/4 чаша бадеми
  • 1/4 чаша ореви
  • 1/4 чаша незасладени кокосови снегулки
  • 1/4 лажичка мелен цимет

Во чинија ставете јогурт, пирето од тиква, мед и зачини од тиква. Измешајте заедно.

Ставете бадеми и ореви во процесор за храна. Блендирајте додека не се исецка грубо. Истурете во сад и додадете кокос и цимет. Промешајте заедно.

Додадете малку гранола во чаша, а потоа јогурт од тиква. Одозгора наросете калинки и гранола.