маслото од пеперминт и неговите волшепства

Нане (Mentha piperita) е ароматична билка од семејството на мента. Тоа е хибридно растение кое е спој помеѓу spearmint и watermint. Етеричното масло од нане се прави од листовите и цветовите на растението и потребно е околу 500 г листови за да се добие шишенце од 15 мл етерично масло.

Научно име: Mentha piperita

Семејство: Lamiaceae

Компоненти: витамини А и Ц, калиум, омега-3 масни киселини, железо, магнезиум, калциум, манган и бакар

Својства: поради тоа што содржи ментол, нането има анестетички својства, но и антивирусни, антибактериски, антиинфламаторни, антиспазмолитични и карминативни својства

Вообичаена употреба: за ублажување на главоболка, стомачна болка и дигестивни проблеми, освежувач на здивот, засилувач на енергија, олеснување на респираторниот тракт, олеснување на напнатоста на мускулите, ментален фокус

Нането, за медицински цели во европските земји, се користеше уште од античко време, но ниту древната јапонска и кинеска медицина не останале имуни на лековитите својства на ова растение.

Според грчката митологија, кога Плутон ја признал својата љубов кон нимфата Мента, неговата сопруга Персефона, во налет на љубоморен бес, ја здробила Мента во прав. Не можејќи да ѝ помогне, Плутон ја претворил нимфата во растение бидејќи поради неговата голема љубов сакал луѓето засекогаш да ја ценат.

Здравствените придобивки од нането се забележани и на папирусите кои датираат од времето на старите Египќани и фараони. Една капка есенцијално масло од пеперминт има јачина на 25 шољи чај од нане.

Дефинитивно, нането е повеќе од освежувач на здивот. Сепак, за да го цените дополнително, треба да слушнете за неговите лековити својства и како може да се користи како суштински дел од Вашиот ритуал за убавина.

маслото од пеперминт за нега на кожата

#1. ОСВЕЖЕТЕ ЈА БЕЖИВОТНАТА КОЖА

Со својот ефект на ладење, се препорачува употребата на масло од пеперминт за да се постигне здрава и сјајна кожа. Додајте капка две во маски за лице, тонери или средства за чистење кои ги користите за младелашка и сјајна кожа.

 #2. КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО ВИШОКОТ НА СЕБУМОТ

Дури и малото мозолче тешко се сокрива и може да Ви го расипе расположението. Погрижете се за овие досадни проблеми преку третирање на основната причина за проблемот. Познато е дека маслото од нане го контролира лачењето на вишокот маснотии, што го прави најдобар избор за мрсна и комбинирана кожа бидејќи спречува затнување на порите. Со ова чудо од масло, можете да се збогувате со проблемите со појава на акни.

#3. ОЖИВЕЈТЕ ГО ВАШИОТ МЛАДЕЛАШКИ СЈАЈ

Маслото од нане Ви прави да се чувствувате енергично и активно – истите ефекти ги остава и на Вашата кожа. Со потикнување на подобра циркулација, ја стимулира кожата и ѝ дава младелашки сјај.

 #4. ИРИТАЦИИ НА КОЖАТА

Ослободете се од непријатностите предизвикани од иритации на кожата со масло од нане. Изгорениците, осипите на кожата и сувата кожа може да се ублажат со разладувачките и смирувачките ефекти на пеперминт. Само бидете внимателни при разредувањето на ова есенцијално масло со некое базното масло (маслиново, бадемово, невеново или кокосово масло) за да избегнете чувство на пецкање. Со вистинското разредување можете да ја вратите влажноста на кожата и да ја смирите болката предизвикана од изгореници од сонце. Јас си правам лосион за тело после сонце и море. Исто така, секогаш кога ми треба брзо будење, се туширам со гел за тело во кој сум додала неколку капки нане, а после туширањето нанесувам млеко за тело со капка нане. Се јавува чувство на ладење и ја стимулира циркулацијата на кожата.

маслото од пеперминт за нега на косата

#5. КАЖЕТЕ ЗБОГУМ НА ПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

Ако бројот на прамени што ги губите при секое четкање се зголемува со текот на времето, мора да превземете нешто. Бидејќи маслото од нане продира длабоко во скалпот, тоа може да ги стимулира фоликулите на косата и да ја олесни циркулацијата на крвта, а со тоа да го поттикне растот на посилна и поздрава коса.

#6. ОЛЕСНУВАЊЕ НА РАСТ НА КОСАТА

Со стимулирачките својства на маслото од нане, се подобрува оксигенацијата. Ова резултира со посилен корен на косата, а со тоа и здрава коса. Значи, ако се соочувате со опаѓање на косата или оштетување на косата предизвикано од хемиски третман, почнете да користите масло од нане за да го олесните растот на косата и да ја вратите идеалната состојба на вашата коса и скалп.

#7. ИДЕАЛНО pH НИВО НА СКАЛП

 За да имате здрава коса, вашиот скалп треба да биде во најдобра состојба – но тоа нема да биде можно без одржување на идеалната pH вредност, која е 4,5 до 5,5. Поради фактори како екстремните временски услови, стресот и изложеноста на штетни состојки, pH рамнотежата на скалпот лесно се губи. Но, со маслото од нане, pH на вашиот скалп се одржува на идеално ниво, оставајќи го избалансирано за да се обезбеди неговото здравје и да се ослободи од габи и бактерии.

#8. СВЕЖО МИРСНА КОСА

Друга причина зошто маслото од нане се препорачува за производи за нега на коса е неговиот мирис кој се задржува и мирисот на прамените подолго трае. Ако сакате убав и освежителен мирис за Вашата коса, во кој ќе уживаат и другите, ова е најдобриот избор.

#9. ПРОТИВ ПЕРУТ

Антисептичките и антимикробните својства кои го има маслото од нане, ќе помогнат да се ослободите од првутот и вошките. Но, и да се повториме, користењето масло од нане ја зголемува циркулацијата на крвта во скалпот, без разлика дали се масира во косата или преку употреба на шампон или регенератор во капнавте од ова масло.

маслото од пеперминт за здравје и благосостојба

#10. ОСЛОБОДЕТЕ ГО ДИШЕЊЕТО

Со L-menthol во маслото од нане, респираторен тракт ќе биде ослободен од опструкции и го дава моменталното олеснување при настинка, кашлица, синузитис и други респираторни заболувања.

#11. ЈА ПОТПОМАГА ДИГЕСТИЈАТА

Маслото од пеперминт содржи L-ментол, кој ги блокира калциумовите канали во мазните мускули, со што произведува антиспазмолитично дејство на гастроинтестиналниот тракт. Поседува антимикробно, антиинфламаторно, антиоксидантно, имуномодулирачко и анестетичко дејство и е ефикасен и безбеден за третман за ублажување на абдоминална болка, киселина во желудник, дијареа и запек и, секако, ги ублажува или отстранува симптомите на IBS (ја релаксира мазната мускулатура на гастроинтестиналниот тракт со антиинфламаторно дејство и влијае на видовите бактерии кои природно живеат во гастроинтестиналниот тракт, намалувајќи ја болката).

 #12. ЛЕК ЗА ГЛАВОБОЛКА,ПА ДУРИ И ЗА МИГРЕНА

Ако барате лек за главоболка, неколку капки пеперминт разредени во базно масло и нанесени на слепоочниците, вратот и синусите можат да ја избркаат главоболка и напнатоста. Со неговите антиинфламаторни својства, ефектот на ладење и смирувачката арома може да ја ублажат мачната болка при тензична главоболка па дури и мигрена, ослободувајќи Ве од чувството на стегање или притисок околу челото и задниот дел на главата.

#13. НАДМИНЕТЕ ГО СТРЕСОТ

Дали често се чувствувате под стрес и изнемоштени особено после напорен ден? Неколку капки масло од нане ќе направат да се чувствувате подобро. Сè што треба да направите е да нанесете неколку капки масло од нане при туширање и ќе се чувствувате енергично и освежено.

#14. КОРИСТЕТЕ ГО КАКО АНТИВИРУСЕН АГЕНС

Добијте дополнителна заштита од вирусите како грип и настинка со користење на масло од нане, бидејќи може да го намали почетокот на инфекции. Додадете една капка масло од нане во билен чај

#15. ГРИЖА ЗА НОКТИТЕ

Како што споменавме погоре, маслото од нане има антигабични својства. Нанесете го локално за да спречите и намалите габична инфекција на ноктите.

#16. МАЧНИНА

Мачнината носи чувство на непријатност и Ве прави да се чувствувате лошо. Можете да го разредите пред да го нанесете на челото или едноставно да го вдишете за да се ослободите од симптомите на гадење.

#17. ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СПАЗМОТ

Поради неговите антиспазмодични својства, спазмот на мускулите може да се ублажи. Употребата на маслото од нане за локална апликација носи добри резултати особено во сузбивање на абдоминалните болки и грчеви во стомакот, како и за болките при менструацијата.

#18. ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Една од најчестите употреби на маслото од нане е за оралното здравје. Има освежителен вкус на нане што го прави здивот да мириса свежо. Ова е причината зошто пастата за заби и другите производи за орална хигиена доаѓаат со вкус на пеперминт. Додадете капка од маслото во водата за плакнење на устата.

#19. ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА НА КРВТА

Аромата со која маслото од нане создава стимулирачки ефект откако ќе го допре нервот и ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова резултира со подобрување на метаболизмот, одржување на идеални нивоа на гликоза и спречување на други нерамнотежи на телото.

#20. РЕПЕЛЕНТ ЗА ​​ИНСЕКТИ

Ако сакате да се ослободите од инсектите, маслото од нане може да Ви помогне. Користете го заедно со други масла, како што се лаванда, цитронела, маточина и чајно дрво за да направите репелент против инсекти. Исто така, капка масло од нане, разредено и нанесено на кожата или облека може да ги избрка комарците и крлежите.

#21. ЈА ОЛЕСНУВА БОЛКАТА НА ЗГЛОБОВИТЕ

Маслото од нане содржи ментол и лимонен кои имаат лековита моќ при болки во зглобовите или ревматоиден артритис и ослободуваат од болка и вкочанетост поради аналгетските, анестетичките и антиинфламаторните својства кои се наоѓаат во ова масло. Користете неколку капки со базно масло, а потоа измасирајте ги зглобовите.

#22. ОСЛОБОДЕТЕ ЈА МУСКУЛНАТА БОЛКА

Дали имате болни или напнати мускули? Во комбинација со базно масло, можете да ги масирате на уморните мускули за да се ослободите од болката.

#23. ДИФУЗИРАЈТЕ ГО ПРИ АРОМАТЕРАПИЈА

Освежителниот и стимулирачки мирис на маслото од пеперминт го прави прекрасен во дифузер. Користете го за да и дадете на Вашиот простор ладен и освежувачки мирис, особено за време на топли и влажни денови. Одличен е и за ароматерапија бидејќи има моќ да ја зајакне менталната будност и фокус (особено за учење).

#24. РЕЛАКСИРАЈТЕ ГИ УМОРНИТЕ СТАПАЛА

Неколку капки од ова масло додадени во не многу топла вода може да се користи за натопување на нозете и по само 10 минути ќе почуствувате големо олеснување од овој третман.

#25. ПРИ ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА И ТРЕСКА

Разредете една до две капки пеперминт во две лажици базно масло и масирајте ги стапалата или по должина на рбетот. Не користете масло од нане кај деца помали од 30 месеци, а за постари деца тоа треба да биде соодветно разредено.