DiGize е едно многу моќно масло со брзо дејство! Тоа е едно од првите масла што ме убедија колку се моќни овие мали растенија во шишенца
Ако се прејадовте и имате болки и надуеност во стомакот… DiGize е спас! Ме потсетува на нешто што би го пиела по вечера во Франција или Италија – Дигестив!!! Така и го користам
DiGize е фантастична мешавина од 8 различни етерични масла, вклучувајќи Peppermint (нане), Lemongrass (маточина), Fennel (коморач), Ginger (ѓумбир), Anise (анасон), Patchouii (пачули), Tarragon (естрагон) и Juniper (смрека). Ова зачинето и егзотично масло содржи цела палета на растенија ценети поради нивната способност да го регулираат варењето
DiGize е корисен за подобрување на дигестивните функции, како што се грчеви, подригнување, надуеност, стомачни тегоби, бавно варење и горушица. Значи DiGize за СЀ, ама баш за СЀ што има врска со желудникот, варењето, цревата итн. Од искуство, испробано и стојам зад тоа масло! Ако не верувате во моќта на маслата, ова е тоа масло што првото ќе Ве разубеди. А знаете и сами дека 70% од имунитетот лежи во дигестивниот тракт
Помага и при проблеми со анорексија, гадење при патување и лош здив. Оваа мешавина од етерични масла помага при паразити, и кај луѓето и кај животните. Поволно делува на проблеми со простатата, како и на инфекции на уринарниот тракт. Покрај тоа што го користев за олеснување на варењето и стомачните проблеми, сфатив дека е супер корисен како и поддршка на дишните патишта
Мирисот на маслото DiGize е зачинето, земјено и дрвенесто. На некои можеби не им се допаѓа или им е смрдливо кога за првпат ќе го помирисат
На духовно ниво, тоа ќе им помогне на оние кои се обесхрабрени, разочарани и без надеж. DiGize помага да ги ослободат верувањата од минатото кои се чуваат во меридијаните на желудникот, дебелото црево и тенкото црево. Ова е поврзано со нашите чувства кои ни доаѓаат „од стомакот“. DiGize ќе ни помогне да ги прифатиме и обработиме информациите, особено информации што тешко се „варат“ или кои не сакаме да ги пуштиме и отпуштиме. Кога ги прифаќаме информациите, поголема е веројатноста да ги ослободиме и пуштиме
Пред да се нурнеме во здравствените придобивки на DiGize-от, ајде да видиме колку е неверојатна секоја од овие 8-те состојки:
- ѓумбир (Zingiber officinale): слаткиот и зачинет вкус на ѓумбирот е вистинско пекарско задоволство. Има концентрирана моќ и е толку неверојатен што може да лекува дигестивни нарушувања, респираторни нарушувања, треска, болка, воспаление и многу повеќе. Генерално, поради својата смирувачка природа помага да се зајакне гастроинтестиналниот систем и ја намалува мачнината
- нане (Mentha piperita): пеперминт е едно од најразновидните етерични масла. Чиста и остра арома на маслото од нане помага да се освежи здивот, помага во лекување на депресија, стрес, астма, артритис, хормонална нерамнотежа, го олеснува варењето на храната
- коморач (Foeniculum vulgare): слаткото масло од анасон помага да се спречи гладот, го олеснува дигестивниот процес, помага во губење на тежината, го третира дијабетесот и др. Ова масло се користи уште од античко време за лекување на разни нарушувања. Покрај тоа, маслото од коморач го одржува здрав црн дроб со стимулирање на правилен проток на жолчката
- анасон (Pimpinella anisum): еден од најпопуларните кулинарски производи во Индија, етерично масло од анасон е деликатно и слатко. Помага за лекување на анксиозност, голема кашлица, варење, мигрена и др.
- тарагон (Artemisia dracunculus): етеричното масло од тарагон се користело од античко време. Тој дигестивен стимулатор, го стимулира и нервниот систем и ја балансира цревната микрофлора. Ова е еден од најупотребуван антички лек за варење. Помага во намалување на надуеноста и ја смирува дигестијата при стрес
- смрека (Juniperus osteosperma): маслото од бобинки од смрека има крцкава и земјена арома. Од нега на кожа до нега на стомакот, смреката има чудесни здравствени придобивки. Исто така е добро познат антисептик и релаксант. Ја стимулира и циркулацијата на крвта преку детоксикација на црниот дроб и неговата способности за чистење на бубрезите
- маточина (Cymbopogon flexuosus): маточина е една од најчесто користените билки за лекување на стомачни нарушувања. Од лекување габични инфекции до ментални нарушувања, а дури и ја стимулира лимфната дренажа и циркулацијата на крвта и го разбудува лимфниот систем, зголемувајќи го протокот на кислород
- пачули (Pogostemon cablin): ова масло со длабоко кафеава боја има длабока, земјена и дрвенеста арома. Маслото од пачули има различни здравствени придобивки како стимулирање на циркулацијата на крвта, заздравување на рани и воспаление. Тој е одличен детоксикатор
Иако придобивките од маслото DiGize се многу, најистакнатите вклучуваат:
- ја ублажува непријатноста во стомакот – таа прави стомакот да се чувствува тежок, надуен и да се чувствувате мрзеливи. Маслото DiGize дава моментално олеснување на стомачните тегоби. Секогаш кога ќе почувствувате тежина или има некаква непријатност во пределот на стомакот, ова масло може да ви се најде. 1-2 капки масло DiGize разредете го со чисто кокосово масло. Масирајте го стомакот со мали кружни движења во насока на стрелките на часовникот. „Движењето во насока на стрелките на часовникот“ е клучот и Ви дава моментално олеснување. Масирањето во спротивна насока од стрелките на часовникот ќе го забави процесот на варење (при диареа). Ќе се чувствувате олеснети за неколку минути
- помага при дигестија – варењето или диспепсија е еден од најчестите проблеми на денешницата. Главната причина се лошите навики во исхраната и начинот на живот. Маслото DiGize е инстант лек за дигестија, а е сосем природен. Со текот на времето ги лекува стомачните заболувања. Сепак, само оно не може да ги излечи. Ако продолжете да јадете сè, а страдате од варење и земате DiGize за да си олесните, тоа едноставно нема да функционира. Сепак треба да внимавате што јадете. Со здрави навики во исхраната, DiGize би направил чуда
- помага при хроничен запек – кога ќе се упатите кај специјалист на југ во Индија за било кој болест, првиот третман што ќе Ви го препишат е чистење на цревата. Ако чувствувате дека сте константно надуени, летаргични и мрзеливи, тоа значи дека имате измет во цревата подолго време. Со секојдневното јадење, важно е и да се празните секојдневно. Како може DiGize да ви помогне во лекувањето на запек? Па, само масирајте го стомакот со разредено масло DiGize на празен стомак (најдобро наутро). Одморете се и фокусирајте го умот на стомакот. Но и исхраната богата со влакна, внесот на вода и вежбањето се клучни
- го детоксицира црниот дроб – црн дроб повеќе личи на хемиска лабораторија. Секој ден се справува со сите токсини кои циркулираат низ телото. Затоа е важно да се детоксицира еднаш на шест месеци. Најкорисниот метод во Ајурведата за детоксикација е постот на вода. Маслото DiGize може да Ви помогне при детокс. Во 3 супени лажици млако масло од сусам разредете капка масло DiGize. Масирајте го стомакот со разреденото масло Digize. Јадете лесно сварлива храна.
- ги зајакнува цревата – Вашата целокупна благосостојба започнува со вашите црева. DiGize маслото ви помага да ги зајакнете цревата. Ја балансира цревната микрофлора и лекува стомачни заболувања. Заедно со здрав начин на живот, помага да се зајакне сончевиот плексус. Сè што треба да направите е да го масирате стомакот користејќи разредено масло DiGize со мали кружни движења во насока на стрелките на часовникот
Еве неколку практични примени за употреба на DiGize маслото:
჻ кога патувате, користете го ова масло наместо пробиотици. Додадете 1-2 капки во вода. Не користете пластични чаши бидејќи маслото е многу моќно и реагира со пластиката
჻ кога ќе почувствувате симптоми на надуеност или киселина, додадете уште неколку капки нане и измасирајте го стомакот во правец на часовникот. Ќе видите колку брзо ќе делува
჻ DiGize е многу ефикасен во борбата против дигестивна кандидијаза и паразити. Во тој случај, паралелно тријте ги стапалата и пијте до 3 капки дневно растворени во мед
჻ во случај на гадење и труење, пијте 3 капки два пати на ден, идеално во капсула. Најдобри ефекти дава ако се користи наизменично со Thieves
჻ за утрински мачнини кај бремени, нанесете една капка зад ушите од рзареденото масло (една капка DiGize на 5 мл базно масло)
჻ додадете капка DiGize во 1 мл базно масло и нанесете на стомакот за да ги смирите менструалните грчеви
჻ за да работите на духовниот план, користете го маслото на сите горенаведени начини, вклучително директно вдишување со свесна намера да се ослободите од верувањата кои не ви служат, враќајќи го чувството на надеж
჻ после бурна ноќ со алкохол, комбинација на DiGize и лимон е спас
