оризова вода за коса

Оризовата вода е древен метод за нега на коса со долга традиција во Азија. Со векови, Јапонките користеле оризова вода за да ја одржат косата здрава и густа. И жените во Кина се познати по тоа што ја користат за да немат седа коса. Тоа е магичен еликсир кој може, кога се користи правилно, да спречи оштетување и да ја зајакне косата

Кои се придобивките од оризова вода за коса

Еве неколку причини зошто оризовата вода може да биде прекрасен додаток на Вашата нега на коса:

჻ зајакнува – со затворање на кутикулата, косата ќе ја направи посилна и ќе ја заштити косата од надворешни влијаниа, како сонце, топлина, загадување и др

჻ лесно се отплеткува –таа делува како длабок регенератор и ја прави косата мека и лесна за чешлање и расплетување

჻ го зголемува сјајот – со затворање на кутикулата, ја прави косата да изгледа сјајна и неизгорена. Кога кутикулата е отворена, косата изгледа многу нездраво, мртво и суво. Оризовата вода е полна со скроб, за кој се вели дека помага да се зајакне косата за да може да расте подолга и погуста без да се оштети. Недостигат повеќе научни истражувања за оризовата вода, но има многу анегдотски докази – и вековно искуство. Се вели дека ја зголемува еластичноста, што пак ја намалува статичноста и оштетувањето при четкањето

Кој има корист од употребата на оризова вода?

Без разлика дали вашата коса е густа, тенка, виткана или права, Вие може да имате корист од третманот со оризова вода. Сепак, најмногу имаат корист оние со обоени, оштетени или високопорозни типови на коса

Како да направите оризова вода

Постојат неколку начини да направите оризова вода, секој со свои добри и лоши страни. Но, сите имат иста основна состојка: несварен ориз (кафеавиот има најмногу хранливи материи, но и белиот делува одлично)

  1. методот на вриење: оризот темелно исплакнете го и сварете го како и обично, но додадете плус 2 до 3 чаши вода што ќе можете да ја исцедите на крајот. Кога оризот ќе се свари, истурете ја преостанатата вода во стаклено шише и чувајте ја во бањата 3 до 4 дена или во фрижидер до една недела

позитивни: брзо е и можете да го искористите оризот за јадење

негативни: топлината на процесот на готвење може да уништи некои од витамините и минералите

  1. методот со натопување: темелно исплакнете го оризот, а потоа измешајте 1/2 чаша неварен ориз со 3 чаши вода во мал сад. Оставете го да отстои еден час додека водата полека ги извлекува хранливите материи од оризот, често мешајќи го. Исцедете го оризот и ставете ја водата во стаклено шише. Чувајте ја во бањата 3 до 4 дена или во фрижидер до една недела

позитивни: похранливи компоненти остануваат во водата, а можете да си го сварите оризот

негативни: потребно е малку повеќе време

  1. ферментиран метод: ова е како методот на натопување, освен што ќе го оставите оризот подолг период за да го започне неговиот природен процес на ферментација. Измешајте 1/2 чаша исплакнат ориз со 3 чаши вода во сад. Покријте и оставете да отстои од 12 до 24 часа, мешајќи го еднаш или двапати во текот на процесот. Исцедете го оризот и ставете ја оризовата вода во стаклено шише. Чувајте го во бањата 3 до 4 дена или во фрижидер до една недела

позитивни: ферментирањето на оризот го зголемува нивото на хранливи материи содржани во водата. Побогат е со антиоксиданси, питера (магичната состојка на оризовата вода која поттикнува регенерација на клетките и ја одржува косата здрава, а се јавува за време на процесот на ферментација), минерали, витамин Б, витамин Е и други хранливи материи.

негативни: поголема временска инвестиција, но многу моќна, затоа користете ја умерено и, ако има потреба, дополнително разредете ја. Исто така, незгодна работа е бидејќи многу лесно може да се контаминира со штетни бактерии

Како да ја користите оризовата вода за косата

  • исшампонирајте ја косата двапати пред да ја додадете оризовата вода. Регенератор се додава на крај од протоколот бидејќи ќе ја затвори кутикулата да се искористат придобивките од оризовата вода
  • измасирајте го скалпот и така ќе ја подобрите циркулацијата на крвта, што ќе го зајакне коренот на косата, ќе ја нахрани косата и ќе помогне во растот на новата коса. Оризовата вода ќе го навлажни скалпот и ќе помогне да се намали првутот
  • оставете да отстои 15 до 20 мин. Како и со секоја маска за коса, колку подолго стои, толку подолго ќе трае магијата
  • на крај исплакнете ја косата со регенератор

Најчести прашања за оризова вода

  • каков вид на ориз да користам? – оризовата вода може да се прави и со бел и со кафеав ориз. Кафеавиот ориз има повеќе хранливи материи, но можете да користите секаков вид ориз што го имате при рака
  • што ако не ми се допаѓа мирисот? – можете да додадете неколку капки етерични масла кои се добри за Вашата коса откако водата ќе се олади:

– за оштетена коса: гераниум, лаванда, римска камилица

– за мрсна коса: рузмарин, чајно дрво, лимон

– за сува коса: гераниум, сандаловина, кедар

– за растење на косата: рузмарин, лаванда, босилек, гераниум, ѓумбир

  • колку често треба да користите оризова вода? – пробајте еднаш неделно за да видите како реагира Вашата коса. Ако ви се допаѓа, зголемете на 2 или 3 пати неделно. Ако протоколот го користите пречесто, може да ја преоптоварите косата со протеини и скроб, што предизвикува стврднување и чувство на тежина. Затоа, најдобро е полека да ја зголемувате употребата и да бидете подготвени да намалите, ако е потребно
  • може ли да оставам оризова вода во косата преку ноќ? – Не! Може да стои 30 до 45 минути за да не ги преоптоварите фоликулите на косата
  • колку брзо ќе ги видам резултатите? – потребно е време за да се видат резултатите и ќе треба постојано да го користите одреден временски период. Мора да бидете доследни
  • може ли да се користи оризова вода како последно плакнење? – да, апсолутно!

Оризовата вода е фантастичен изум кој нуди одлични резултати и на кожата и на косата. Се користи со векови и сега науката ја и докажа нејзината магија.

Сепак, мора да се внимава при изборот на сортата на ориз. Клучот е да се знае потеклото на оризот – „каде е одгледуван.“ Тоа е поради нивото на арсен во оризот што може да се појави. И прашањето е дали е безбедно да се користи оризова вода како средство за плакнење на косата. Арсенот е природен елемент кој се наоѓа во повеќето почви, а со тоа и во храната. Но, колку арсен е присутен во оризовата вода? Или со други зборови, на колку арсен сме изложени со користење на оризовата вода?

Првен да видиме како е дојден арсенот во храната? Порано се користеле пестициди што содржат арсен, но сега претежно се забранети, ама дел од арсенот што се користел пред неколку децении сè уште е присутен во почвата и во подземните води.

Одгледувањето на ориз бара големи количини вода, а во одредени делови од светот, водата е загадена со опасно високи нивоа на арсен. Арсенот и фосфорот се два елементи кои се доста слични. А знаеме дека на растенијата им се потребни фосфорни ѓубрива за да напредуваат. Чудно е тоа што растенијата може да апсорбираат арсен наместо фосфор. Научно е докажано дека корените на растенијата апсорбираат арсен преку фосфорните канали, бидејќи тие се слични во многу аспекти. И затоа, дури и оризот да е одгледуван органски, не е гаранција дека не содржи арсен.

Сега прашањето е дали во оризовата вода може да се содржи арсен? Одговорот е, сè уште не се знае. Според науката, сеуште не постои таков објавен научен извештај каде конкретно се испитувала оризовата вода за нивото на арсен. Но, можно е да арсен е присутен во зовриена или натопена оризова вода.

Но, сепак постои и можност како да го минимализираме присуството на арсен во водата. Одредени хемикалии, познати како хеланти може да се додадат во оризова вода за да се минимизира изложеноста на арсен и апсорпцијата во косата. Додавање на неколку грама хелант, како што е етилендиамин тетрацетна киселина (EDTA), е една опција. Но баш и недостапна за домашна употреба.

Со лесен домашен трик може да се употреби лимонска киселина бидејќи анјонот на цитрат исто така може да зароби метали. Лимонската киселина е присутна во сокот од лимонот па едноставно исцедете неколку капки свеж лимон во оризова вода. Ова ќе ја намали pH вредноста на оризовата вода до малку кисело ниво (4,5) што ќе одговара со pH на влакната на косата.