протеински леб од леќа

Здрав леб од леќа со 100% состојки од цели зрна, без масло, јајца, пченично брашно или квасец

Комбинација од леќа, овесни снегулки, брашно од наут и семки, овој здрав леб е преполн со корисни состојки кои навистина ќе Ве нахранат – во традиционалниот пченичен леб (бел), има околу 3,5 г протеини по парче (40 г) и 4 г во парче од интегрално брашно. За споредба, овој високопротеински леб содржи 10-12 г протеини по парче

  • леќа: ова скромна мешунка е богата со диетални влакна, протеини, полифеноли (кои се антиоксидантни и антиинфламаторни) и неколку витамини и минерали – железо, магнезиум, калиум и витамини од Б групата, кои се корисни за крвниот притисок, холестеролот и целокупното здравје на срцето
  • овесни снегулки: богат со диетални влакна, полифеноли и протеини заедно со јаглехидрати, за да Ве засити подолго време. Тука се и бројните витамини, минерали и антиоксиданси – витамини од Б групата, манган, магнезиум, бакар, железо, цинк, фолна киселина.. Комбинацијата е одлична за холестерол, шеќер во крвта, дигестија..
  • наут: богат со влакна, протеини и хранливи материи. Содржи високи нивоа на фолати и манган, бакар, фосфор, железо и тиамин, потоа полифеноли за да тело се ослободи од штетните слободни радикали. Исто така, многу повеќе заситува од обичното пченично брашно

Состојки:

  • 1 1/2 чаша (300 г) леќа, натопете најмалку 2 часа или преку ноќ
  • 1 1/3 чаша (320 мл) вода                             
  • 1 чаша (100 г) брашно од наут
  • 1 чаша (90 г) овесно брашно
  • 3 лажици psyllium husk (индиски тегавец)
  • 6 лажици семки по избор
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 1/2 лажица јаболков оцет или сок од лимон


Начин на подготовка:

Потопете ја леќата во голем сад со многу вода најмалку 2 часа (или преку ноќ), а потоа фрлете ја водата.

Загрејте ја рерната на 200 °C и обложете калап за леб со хартија за печење.

Измешајте ја натопената леќа со вода во блендер. Додадете ги сите преостанати состојки и добро измешајте.

Истурете го тестото во калап за леб, посипете дополнително семки од тиква одозгора и печете го лебот 45 минути. Оставете го да се излади, па исечете го и уживајте!


  • леќа: jас обично користам зелена или кафеава леќа, но верувам де одлично ќе излезе и со црвена леќа
  • брашно од леблебија: може да се направи и со оризово брашно. Најверојатно можете да користите и брашно од киноа или од хељда
  • семки: користев комбинација на семки од тиква и од сончоглед. Можете да користите семе од коноп или јаткасти плодови. Слободно можете да додадете чиа или ленено семе
  • psyllium husk (индиски тегавец): оваа состојка имитира глутен во пецива без глутен и игра голема улога во растењето на тестото
  • чување: на собна температура 2-3 дена, во фрижидер 7-10 дена, а во замрзнувач 3-4 месеци