ferrero chia пудинг

Кога сме веќе кај ферерото, зошто да не си го направиме уживањето во поздрава верзија или поинаку кажано, во помалку време чистејќи по дома

  • 1 1/2 шоља млеко по желба
  • 1 шоља лешници
  • 3 лажици какао
  • 2 лажици мед или јаворов сируп
  • 2-3 лажици чиа семе

Кратко испечете ги лешниците на 220*С 10тина мин и потоа ставете ги во блендер и блендајте додека не се добие смесата како путер. Ако имате послаб блендер, додадете 1 лажица кокосово масло за полесно да добиете путер од лешник. Во путерот додадете млеко, какао и засладувач и измиксајте додека не добиете фина кремаста смеса. Прилагодете го вкусот за слатко според Вашата желба.

На крајот, додадете го чиа семето и оставете 10 минути. По 10 минути измиксајте сè додека не се добие фина кремаста смеса. Префрлете го накратко во фрижидер да се олади.