железо и неговата апсорпција, што ја намалува, а што потпомага

Железото е еден од минералните елементи кој му е неопходен на организмот за добро здравје. Тој првенствено е потребен  за изградба на хемоглобинот од црвените крвни клетки, и поради тоа е од клучна важност за правилна дистрибуција на кислород до сите ткива и органи.

Во текот на бременоста па и после породувањето, редовна појава е намалено железо во крвта. Почест случај е дека присутното железо слабо и тешко се апсорбира, па затоа е потребно да се следат неколку правила.

Потикнување на апсорпција:

  • Брокула, марула и домат потпомагаат при регенерација на железото;
  • Интегралните брашна и овесната каша го регенерираат хемоглобинот.  
  • Извори на железо се цвекло заедно со листовите, зелка, јачмен, грашок, целер, магдонос, цреши, смокви, урми, суви кајсии, вишни, аронија, круши, семки на тиква, сусам, сончоглед, фстаци и бадеми, потоа од зеленчук спанаќ, блитва и кељ, морков, црно чоколадо, какао, семе од коприва;
  • За да се апсорбират минералите од храната, потребно е да има доволно количество на желудечна киселина. За потикнување на нејзино излачување се пие малку лимунов сок во вода;
  • За апсорпција на железото битен фактор е витаминот Ц, па така во текот на денот конзумирајте што повеќе намирници богати со овој витамин (цитруси и зелено лиснат зеленчук);
  • Внесувајте повеќе витамини од Б-комплексот. Можете да јадете никулци од житарки, самите да ’ртите житарки, а јадете исклучиво интегрални житарки кои содржат поголеми количини на витамини од Б-комплексот;
  • Наутро консумирајте свеж сок од цвекло, морков, јаболко, лимон и портокал;
  • Во вашата исхрана внесете и алги како што се хлорела и спирулина;
  • Јадете свежа салата од спанаќ, марула, цвекло, морков, подготвена со сок од лимон, хималајска сол и ладно цедено масло;
  • За појадок направете си смути со вишни или аронија, додадете и друго свежо овошје, спирулина или хлорела, чиа семе, сончоглед и семки од тиква;
  • Физичката активност потикнува создавањето на крвта, а кратки ладни купки ја потикнуваат циркулацијата.

Што ја спречува апсорпцијата:

  • Да се избегнува презачинета храна, некои билни чаеви (танини) и кафе (полифеноли и кофеин) и производи на база на кофеин бидејки тие содржат соединенија кои исто така ја намалуваат апсорпцијата на железо;
  • Исто важи и за млеко и млечни производи, а посебно да се внимава да не се комбинираат со храна богата со железо;
  • Јатките, семките, житарките и легуминозите киснете ги во вода одвечер и утредента фрлете ја таа вода, ова правете го за да ја редуцирате количината на фитинска киселина во овие продукти. Фитинската киселина  ја намалува апсорпцијата на железо;
  • Обидете се да ја намалите количината на внесениот глутен, и избегнувајте внес на глутен заедно со оброк богат со железо. Глутенот ја намалува апсорпцијата на сите витамини и минерали, па затоа е добро да се редуцира внесот на: пченица, јачмен и рж;
  • Пецивата, газираните напитоци, колачињата, пивото, сладоледот и бројна пакувана храна во маркетите содржат фосфатни адтиви кои ја намалуваат апсорпцијата како што тоа го чини кадмиумот од тутунот.