Ферментацијата е процес во кој микроорганизмите, бактериите и квасецот, ги разложуваат молекулите, како што е шеќерот. Овој процес поттикнува голем број различни хемиски реакции. Но сепак, тој го продолжува рокот на траењето на финалниот производ и го зголемува бројот на корисните бактерии во храната. „Бактериите“ и „храната“ навистина не се два збора што би сакале да ги слушнете во иста реченица, но овие бактерии се многу важни за нашето целокупно здравје . Познати како пробиотици, овие здрави видови бактерии живеат во дигестивниот тракт и поттикнуваат сè, од дигестивното здравје до имунолошката функција. Пиењето на пробиотик, како суплемент, е еден лесен начин да го зголемите внесот на овие бактерии. Сепак, не треба да се трошат многу пари на скапи производи. Всушност, конзумирање на ферментирани јадења може да ги задоволи овие потреби. Еве неколку примери за ферментирана храна:
Комбуха
Комбуха фрементиран напиток од зелен или црн чај со помош на симбиотска култура на бактерии и квасци. Комбуха може да помогне во намалување на шеќерот во крвта, намалување на нивото на холестерол и триглицериди и да го блокира ширењето на клетките на ракот (ин витро). 2. Кисела зелка – најстар на чин за ферментирање на храната настанат пред 2000 години во Кина. Традиционално ферментирана кисела зелка се добива од свежа зелка во комбинација со бактерии на млечната киселина. Киселата зелка ни обезбедува поголема доза на витамин Ц, витамин К, железо и манган.
Кефир
Кефир – вид на ферментиран млечен напиток. Кефирот е одличен извор на хранливи материи, вклучувајќи протеини, фосфор, калциум и витамин Б12. Покрај тоа, кефирот содржи малку лактоза, што значи дека консумирањето на овој пијалок може да биде потолерантно од обичното млеко, за оние со нетолеранција на лактоза. Студии докажуваат дека кефирот ги намалува воспалителните процеси и има антиалергиски својства, со што може да биде корисен во третманот на состојби како астма.
Кисели краставички
Кисели краставички – ферментирана храна која се добива од краставички натопени во солена вода која им овозможува да ферментираат. Но имајте на ум дека киселите краставички натопени во оцет (како купечките) не ги имаат истите пробиотични придобивки како и ферментираните кисели краставички натопени во саламура. Обидете се да си направите свои дома или да побарате кисели краставички без оцет во продавниците.
Кимчи
Кимчи – се добива со ферментација на солени зеленчуци (краставица, морков, зелка или ротквица), зачинети со билки и зачини како лук, ѓумбир и кромид. Една студија спроведена во Кореја покажува дека јадењето кимчи во текот на седум дена доведува до значително намалување на нивото на холестерол и шеќер во крвта. Други истражувања покажуваат дека може да помогне во контролата на тежината и во подобрувањето на чувствителноста на инсулинот.
Мисо
Мисо – е вид ферментирана паста од соја. Може да се добие и од други мешунки, како црни грав, наут или леќа. Може да се вмеша и ориз, јачмен или алги. Мисо претставува богат извор на хранливи материи, витамини и минерали како манган, витамин К, бакар и цинк. Но тој, исто така, содржи голема количина на натриум, затоа консумирајте го умерено.
Јогурт со пробиотици
Јогурт со пробиотици – се добива со постапка на ферментација на млекото кое обично содржи млечно-кисели бактерии и така се засилува концентрацијата на пробиотиците. Ако имате висок крвен притисок, јогурт со пробиотици може да биде особено корисен. Според едно истражување, консумирањето јогурт со пробиотици може да биде ефикасно во намалувањето на систоличени дијастоличен крвен притисок.
