Вистинските етерични масла се 100% чисти и природни, и како такви се многу моќни поради нивната биолошка активност и сложената хемиска структура што им овозможува различно да делуваат на клетки, органи и органски системи во нашето тело.
Етеричните масла се користат со векови за да се подобри здравјето на телото и умот или кога ни е потребна дополнителна поддршка. Во споредба со модерната фармакологија, билните препарати и лекови се сметаат за застарени. Со развојот на хемиската индустрија, хемиските супстанции ги потиснаа растенијата и билните препарати. Хемиските лекови имаат силен и брз ефект врз здравјето, но покрај нив, во телото се внесуваат и супстанции кои го оптоваруваат. Ова може да биде опасно на долг рок.
Етеричните масла имаат побавен и поблаг ефект од „моќните“ лекови.Тие промовираат природно заздравување и ги активираат и зајакнуваат одбранбените механизми на телото, делувајќи истовремено и во коренот на проблемот што се јавува во телото и врз самите симптоми. Така, на пример, откриено е дека маслото од камилица и темјан потикнуват формирање бели крвни зрнца. Сите етерични масла имаат антисептичко и антибактериско дејство. Некои имаат квалитет на антибиотици, а некои делуваат против вируси, како што е лукот, но и жалфијата.
Зошто ги избрав токму овие етерични масла? Бидејќи бев воодушевена од концептот и стандардите на целиот производствен процес. Добивањето етерично масло е многу деликатен процес и варира од растение до растение. На пример, некои лисја мора да се берат во одредено време од годината, за да маслото не изгуби од квалитетот. Ваквите процеси ја одредуваат и цената на самото масло. Поради нивната мала молекуларна структура, тие многу лесно се раствораат во алкохол, емулзии, а особено во масното ткиво, поради што, кога се нанесуваат на кожата, лесно продираат во нашето тело и влијаат на нашата физичка и ментална состојба. И затоа е важно да бидат со добар квалитет бидејќи имаат големо влијание врз нашето тело.
