темјан – крал на етерични масла

Темјанот (Boswellia carterii) во античко време бил подрагоцен и од златото. И не случајно е еден од подароците што ги добил Исус по неговото раѓање од троја мудреци. Тој отсекогаш се користел во религиозните церемонии на христијаните. Мирисот на темјанот е прекрасен, приземен, балсамичен и толку моќен што секој дом ќе го направи безбедна оаза на мирот.

Кога не знаете кое масло да изберете, или не можете да си дозволите некое поскапо – земете темјан – и нема да погрешите! Тој има особено широк спектар на употреба, дури и од лавандата!

Ова скапоцено масло доаѓа од Сомалија и се произведува со дестилација на смола со пареа. Дестилацијата трае околу 10 часа и бара стручно знаење. Дрвото на темјан расте на екстремно сув и песочен терен, буквално терен без земја.

Дрвото се сече со специјални алатки и по 10 до 20 дена се собира исушениот растителен сок, како бисер. Колку е посветла смолата, толку е поскапоцено маслото.

Темјанот ги стимулира клетките и различните функции во телото да се вратат во нивната првобитна состојба. Му помага на телото да запомни што да прави и зошто. Тој тивко „поставува“ прашања до сите наши системи во телото, а потоа ги потикнува да ја вршат својата работа. Како што е добро во секојдневието да се опкружите со паметни и мудри луѓе, така е добро често да бидете изложени на ова моќно масло.

Во ајурведската медицина, темјан се користи илјадници години наназад за лекување на артритис, заздравување на рани и зајакнување на женскиот хормонален систем. Според Ајурведата, секојдневното кадење со темјан во куќата им носи добро здравје на сите членови на домаќинството.

Од дамнешни времиња се цени повеќе од злато, а еве и зошто:

჻ Антивоспалително: масирајте ги зглобовите или погодената област;

჻ Балансирање на хормоните: вдишете директно од шишето или дифузирајте во дифузер;

჻ Аутизам: многумина веруваат дека темјанот му помага на аутизмот. Корисно е за ублажување на хиперактивноста кај детето, за израмнување на емоциите, како и за подобрување на концентрацијата. Тоа НЕ е лек, но забележлива е разликата во нивото на фрустрација кај детето;

჻ Концентрација: втријте го маслото на задниот дел од вратот и слепоочниците за да го подобрите фокусот;

჻ Природна паста за заби: комбинирајте темјан, кокосово масло и сода бикарбона за да направите своја паста за заби без хемикалии;

჻ Стрии: тријте директно на стриите неколку пати на ден за да ја намалите видливоста. Ова е едно од моите омилени употреба на етерично масло од темјан;

჻ Уморни нозе: потопете ги стапала во купка со темјан, лаванда, жалфија и иланг иланг или комбинирајте ги во омилениот крем за да почуствувате олеснување;

჻ Алцхајмерова болест: втријте го на табаните и задниот дел на вратот или дифузирајте во дифузер;

჻ Болка во забите: масирајте директно на непцата во близина на изворот на болката или болни непца;

჻ Епилептични напади: вдишувањето и нанесувањето на маслото директно на вратот ги намалува нападите;

჻ Рак: Не сакам да го потенцирам ова, поради недостаток на конечни студии на оваа тема. Но се покажа дека маслото од темјан и миро ја намалува големината на туморите кај глувците и многу луѓе пријавуваат позитивни резултати (а од лично искуство ми е и позитивното влијание кај туморот на простатата кај татко ми). Босвелинската киселина во темјанот има антитуморно дејство преку механизми кои го спречуваат растот на клетките на ракот. Бидејќи темјанот поддржува здрав имунолошки систем, полезно е да се дифузира редовно или да биде дел протоколот даден од стручно лице;

჻ Крвен притисок: втријте масло по долниот дел на стапалата барем еднаш дневно за да помогнете во намалување на крвниот притисок;

჻ Зајакнување на имунитет: се дифузира секојдневно, особено за време на сезоната на настинки и грип;

჻ Против стареење: секојдневно масирајте го лицето, движејќи се во нагорна насока;

჻ Подобрете го варењето на храната: измешајте со базно масло и втријте го на стомакот;

჻ Отстранување на брадавици: нанесете капка на брадавица 3-4 пати на ден додека не исчезнат;

჻ Природен седатив: дифузирајте во дифузер или нанесете го на слепоочниците и задниот дел на вратот за смирувачки ефект;

჻ Егзема: се меша со шеа путер и кокосово масло за да се создаде густа крема, се нанесува по потреба на опфатениот предел на кожата;

჻ Олеснување на болката: комбинирајте со базно масло и втријте на болното место;

჻ Ендометриоза: втријте заедно со жалфија над стомакот за да помогнете во ублажување на болката поврзана со оваа состојба. За многу жени, ова е една од омилени употреби на ова масло бидејќи навистина може да помогне да се олеснат симптомите во тој период од месецот;

჻ Во ревматологијата се користи за артритис, невралгија, едем и воспалителни процеси. Босвелинските киселини се најважната состојка на темјанот и затоа има силно антиинфламаторно дејство и ефикасно ја ублажува болката предизвикана од артритис, што за разлика од конвенционалните лекови, масло од темјан не предизвикува несакани ефекти;

჻ Во гинекологија ги ублажува симптомите на ПМС, добар е за цисти и за одржување на здравјето на градите и јајниците;

჻ Во интерната медицина го тонизира црниот дроб, лимфниот и венскиот систем. Неговото моќно антиинфламаторно дејство помага при Кронова болест;

჻ Потврдено е дека екстрактот од темјан, темјан ацетат, ги намалува невролошките оштетувања, ја ублажува депресијата и напнатоста. Ацетатот влијае на протеинот во мозокот кој го регулира чувството на топлина на кожата;

჻ Во кардиологијата, истиот ацетат ги спречува воспалителните процеси во крвните садови, ги спречува васкуларните заболувања и го намалува лошиот холестерол;

჻ Во пулмологијата одлично делува при респираторни инфекции, ја разградува слузта акумулирана во респираторните органи. Хипократ препорачал да се џвака темјан со мед против кашлица и белодробни заболувања;

჻ Во дерматологијата ги намалува брчките, лузните, стриите. Темјанот е одличен за заздравување на рани и спречување на воспалителни процеси.

჻ Темјанот помага и при хрчењето – за таа цел темјановото масло се нанесува на вратот, градите и пределот околу носот.

჻ Исклучителен е и за нега на кожата поради неговиот цитофилактички ефект (помага при создавање на нови клетки) – помага при акни, лузни, стрии, брчки и рани. Темјанот е главната состојка во серумот за лице што го користам скоро година дена, откако се дружам со маслата. Неговиот ефект е дефинитивно чудесен. Покрај спречување на стареење, одличен е и против темните кругови околу очите. Познат е по тоа што делува на кожата за подмладување и корекција на несовршеностите.

჻ На духовен план, се користи за будење на духовната свест и ни помага да ги опуштиме деловите од нашето его што не спречуваат да се поврземе со нашата суштина. Исто така, ни помага да ги надминеме чувствата на безвредност и несигурност. Мирисот на маслото од темјан ја храни нашата свест, внатрешен мир и ги просветлува нашите ставови и размислувања, па затоа е одличен за медитации.

Начин на употреба:

჻ Загрејте ја празничната атмосфера ⇛во комбинација со неколку капки портокал во дифузорот

჻ Стрии, лузни ⇛мачкајте ги со темјан неколку недели и гледајте како исчезнуваат

჻ Здрав сјај на лицето ⇛додајте неколку капки во производите за дневна нега

჻ Масирајте неколку капки темјан разреден во кокосово масло на рацете на вашето дете откако ќе игра на снег неколку часа. Ова ќе создаде чувство на топлина

჻ Темјанот во дифузер или нанесен преку кожата е одличен начин за фокусирање кај децата за време на напорното учење

჻ Тензија ⇛масирајте темјан на табаните

჻ Кога е потребно да се подобри концентрацијата, добро е да се нанесат 1-2 капки темјаново масло на слепоочниците и задниот дел од вратот

჻ Направете серум за лице: 30 ml базно масло, 10 капки етерично масло од темјан, 10 лаванда и 10 copaiba

჻ Серум за раст на трепките: 10мл базно масло и 5 капки етерично масло од темјан

჻ Крема за чувствителна кожа: 30гр шеа путер, 20 мл масло од арган, 10 капки темјан и 10 капки лаванда

Темјанот е навистина едно скапоцено масло со неограничена употреба што би го препорачала на секого.