железо – како да се избегне анемија?

Дали знаевте дека потребата од железо се зголемува за време на бременоста? Всушност, потребите се 1,5 пати повисоки за да се поддржи брзото зголемување на волуменот на крвта и растот на бебето

Железото од животинската храна има поголема стапка на апсорпција и биорасположивост (15-35%) во споредба со изворите на железо од растително потекло (3-20%). Железото од животинската храна (говедско, пилешко, јајца и црн дроб) содржи хем железо и подобро се апсорбира во телото во споредба со железото од растителна храната (јатки, зеленолиснат зеленчук и грав/леќа) која содржи нехем железо. Поради помалата достапност на растително железо, потребата од железо кај вегетаријанците е 1,8 пати поголема! Важно е да се спомне дека телото не апсорбира 100% од она што го внесуваме!

Недостатокот на железо може да:

჻ го зголеми ризикот од предвремено раѓање, предизвикувајќи ниска породилна тежина

჻ ја наруши функцијата на тироидната жлезда на мајката, што може да доведе до доцнење во развојот на бебето

჻ влијае на развојот на мозокот во матката и е поврзано со потешкотии во учењето подоцна

჻ постпородилно ниско железо е поврзано со замор и може да предизвика мала продукција на млеко

Секогаш е добро да ги внесувате хранливите состојки од храната во однос на суплементите – резервите на железо особено можат да предизвикаат несакани ефекти како што се запек, гадење и киселини

Нутритивни совети:

1. готвењето во тави од леано железо може да помогне да се зголеми апсорпцијата на железо

2. одделете ја храната со калциум од онаа со железо бидејќи калциумот и железото се натпреваруваат за апсорпција

3. пијте кафе или чај ОДДЕЛЕНИ од оброците бидејќи тие содржат соединение кое може да ја инхибира способноста на телото да апсорбира железо

4. комбинирајте хем и нехем тип на железо

5. консумирајте нехем храна со храна богата со витамин Ц

6. покиснувајте ги мешунките, јатките и семките за да ги отстраните антинутриентите во нив и да ја подобрите апсорпцијата на железото

За време на мојата втора бременост, сакав да избегнам анемија па посветив поголемо внимание на внесот на железо и на неговата апсорпција и моите нивоа на железо останаа совршени. Дали имате ниски нивоа на железо или анемија за време на бременоста и Ви треба поддршка и насоки за да научите како да ја прилагодите Вашата исхрана?? Пишете ми во порака