pumpkin spice latte – подобро и од Starbucks

Есента е создадена за сѐ од тиква, па зошто да не ја додадете малку во кафето? Дефинитивно ќе биде силна конкуренција на pumpkin spice latte од Starbucks 🎃

Тиквата не е само весник на есента – одлична е за здравјето на цревата! Таа е супер богата со растителни влакна и хранливи материи, кои ги хранат „добрите дечки“ (полезни бактерии во цревата) и ги одржуваат среќни и весели за да работат како што треба. Плус, зачините вклучени во ова волшебно кафенце (како ѓумбир, морско оревче и каранфилче) се корисни за дигестија и раздвижување на цревата.

Секогаш им потенцирам на клиентите дека подобрувањето и одржувањето на здравјето на цревата не треба да биде комплицирано! Можете целосно да уживате во сите есенски плодови. Затоа есента е толку најпрекрасна, и на мирис и на вкус, а и со сите бенефити отпосле. Леснотијата, разновидноста и уживањето се толку важни кога е потребно да се подобри здравјето на цревата. 

Состојки:

  • 1 шољичка еспресо (или 1/2 шоља топло сварено кафе по желба)
  • 1 чаша млеко по избор, по можност млеко што добро се пени (јас го сакам овесното млеко)
  • 2 лажици пире од тиква (печена или варена)
  • 1 лажица мед/маџун/јаворов сируп, за засладување по вкус
  • 1 лажичка зачини за pumpkin spice latte, види белешки
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила, по избор

Начин на подготовка:

Ставете млеко во мало тенџере, додадете засладувач по вкус, пире од тиква и зачините и загревајте 2 до 3 минути на средно-тивок оган, додека млекото не се загрее, ама да не зоврие.

Направете еспресо и истурете го во голема шоља во која ќе уживате. Со помош на маталка за нес-кафе, запенете го млекото додека не стане пенесто, а потоа сипајте врз кафето.

~ Белешка за pumpkin spice latte зачини:
Зачин за pumpkin spice latte: ако немате претходно измешано ова зачинче, слободно додадете 1/2 лажичка цимет, 1/8 лажичка морско оревче и 1/8 лажичка ѓумбир и 1/8 лажичка мелено каранфилче. Јас во тегличка си чувам веќе припремено, и тоа 8 лажички цимет, 2 лажички мелен ѓумбир, 2 лажички мелено каранфилче, 2 лажиче рендано морско оревче

~ Нутритивни вредности:
една шоља лате има 132 kcal од кои:
3,3 гр масти
21,7 гр јаглехидрати
1,7 гр влакна
14,1 гр шеќери
2,1 гр протеини