Низ историјата гледано, солта беше од непроценлива вредност за живот и здравјето на луѓето. Развојот на цивилизацијата е поврзана со потрагата по солта. Во античко доба, солта беше престиж, се трговало со неа, се користела како валута, алхемичари ја користеле како петти елемент бидејки веруваа дека ги има истите својства како петтиот елемент. Се до почетокот на 20тиот век, војни се воделе поради солта и рудници со неа. Но, денешното модерно доба го донесе стравот и парадоксот: зошто одеднаш нешто што беше толку вреднувано и витално, сега станува малтене смртоносно?
И после илјада години, човековата биохемија и психологија не е сменета. Вистина е дека не сме веќе толку физички работници како порано, но потребата за електролитите е иста. Може да се каже дека човековото тело го сочинува вода и сол. Од вкупно 98 елементи од хемискиот периоден систем, 84 го сочинуваат нашето тело, а сите тие се присатни во солите. Таа е „виновна“ за регулација на работата на срцето, исфрлањето на вишокот на киселината од клетките, чистењето на белите дробови, во превенцијата на грчењето на мускулите (без Na не би можеле да покренеме ниту еден мускул во нашето тело), одржување на цврстината на коските и, најважното, таа ја регулира течноста во телото и е важна за одржување на волуменот на плазмата како би се одржала адекватна перфузија на ткивата и нормален клеточен метаболизам. Сол содржи 40% Na (во една мала лажичка од 5 гр сол, се содржи 2 гр Na) и WHO препорачува дневен внес на една мала лажичка сол. Истражувањата покажуваат дека зголемен внес на сол во организам може да биде причина за многу болести: оштетување на бубрезите, висок крвен притисок, срцеви заболувања и др. Но, исто така, и намален внес на сол делува лошо на нашиот организам. И затоа, умереноста е клучна. Но, мора да се нагласи дека не секоја сол е нутритивно полезна. Како што спомнав, човековата биохемија не е сменета, но сменета е биохемијата на нашата храна. Човекот почна да конзумира премногу преработена храна, празна во секој поглед. И затоа, не е поентата во мал внес на солта, бидејки и премалиот внес е проблематичен, туку во умереноста и не внесување на преработена и fast food храна преполна со рафинирана сол. Самата рафинирана сол е обична бела кујнска сол, од која се отстранети минералии и при рафинација била изложена на мнугу отрови па има остатоци на Аl, фероцијанид и избелувачи, како и разни агенси за влага за да и се продолжи рокот. NaCl во таква сол е прилично концентриран, денатуриран и токсичен за човекот. Телото при тоа ја задржува водата како би се заштитило, додека пак клетките ја отпуштат водата како би ја разредиле, неутрализирале и разградиле солта. Овој губиток на водата ги ослабнува и дехидрира клетките. Постојат истражувања кои ги споредуват различните видови на соли, односно нивен минералне состав во однос на кујнската сол. Докажано е дека автохтона сол има повеќе есенцијални минерали во својот состав него сите останати соли. Но, на жалост, поголемиот дел од нас нема пристап кон таква сол приготвена на традиционален начин. Но, сепак присатни се и здравите алтернативи. Па така здравите соли би биле:
- природна сива морска сол, која го снабдува телото со 92 елементи во трагови и, ако е сушена на сонце, ги задржува своите хранливи материи
- хавајска црвена вулканска сол, содржи повеќе од 80 минерали и исто така се суши на сонце
- црна индијска сол, која најчесто се користи во ајурведски рецепти за детоксификација
- розева хималајска кристална сол, која содржи 84 минерали во колоиден облик за полесно да се искористат во телото
- келтска сол
Како заклучок се наметнува: која количина на сол ни е потребна? Тоа сепак е индивидуална работа и зависи од нашиот начин на живот, физичката активност, здравјето и преосетливоста на сол. Во секој случај, секое претерување е лошо, било да се работи за намален или зголемен внес на солта. Некоја генерална препорака би била: количество на Na би требало да се движи од 3-7 гр. Но тука треба да се земе во предвид дека Na не се внесува само преку сол туку и преку свежа и здрава храна.
