Кога зборуваме за чоколадо, најчесто е тоа во негативен контекст, алудирајќи на нејзина голема калориска вредност и присуство на заситени масни киселини од млекото. Но, веднаш на почеток да расчистиме нешто: треба да разликуваме темно чоколадо, за кое ќе зборуваме во текстов, од млечното. Млечното чоколадо е помасно и нутритивно помалце вредно бидејки содржи помалку заштитни состојки, а повеќе заситени масти и холестерол, што значи дека и енергетската вредност е и поголема. Темното чоколадо може да се пофатли дека го ослободува серотонинот во мозокот (хормонот на среќата), а бидејки е богато со какао (што поголем процент на какао е содржано, толку е подобро) значи дека е богато со биофлавоноиди. Тие се одговорни за еластичноста на крвните садови.
Направен е труд на кардиолози кои го докажа ова тврдење. Две групи на испитаници добиваа по 100г чоколадо на ден: едни тамно чоколадо со висок удел на какао, а другите исто добиле чоколадо со темна боја али без содржина на какаото во него. Со помош на ултразвук е мерена еластичноста на крвните садови. Резултатите беа занимливи: групата со вистинско какао имала подобрување во еластичноста на крвните садови за разлика од другата група. Сепак, темното чоколадо не е лек за ова проблематика, мада го прави занимливо во секој случај. Важно да се истакне е дека со секое разредување на количината на какаото со додавање на млеко или путер за да се добие повкусна намирница, доаѓа до иземање на заштитната улога на биофлавоноидите. Проф др Crozier докажал дека протеините од млекото ги врзуваат антиоксидантите за себе и на тој начин го блокираат нивното позитивно делување. Истото важи и за намалување на дејството на други флавоноиди: ресвератрол од црното вино ако јадеме кашкавал со виното; катехини од чајот ако го пиеме со млеко; биофлавоноиди од овошјето ако смутито го правиме со животинско млеко.
Убавава приказна за какаото не е само поради биофлавоноидите. Тука се присатни не толку занемарливи и други состојки. Содржината на токоферол (1мг / 100г), потоа селен (14мг / 100г) ако какаото е добиено со помош на технолошка постапка без употреба на алкалии. Потоа, лутеин и зеаксантин (38мцг / 100г). Но, исто така, присатни се и два алкалоида, теобромин (2057мг / 100г) и кофеин (230мг / 100г), чија количина и присатност не смее да биде занемарена. Објавен е и трудот на др K. Won Lee од Сеул кој докажал дека вкупна количина на полифеноли и флавоноиди во какаото е дупло поголема во споредба со црното вино. На вас е да изберете што ќе пиете….ама не заборавајте – во мали количини!
