кофеинот ти дава крилја

Два три збора за кафето: што повеќе ќе ве подигне дејството, толку е и падот поголем. Дополнителна доза не подобрува, туку ја влошува ситуацијата. Што почесто се пие, толку помалце делува.

Кофеин е моќен стимуланс. Многу пијалаци го содржат па ние баш и немаме претстава која количина ја внесуваме. Но, во кој и да е пијалок неговото присуство, тој секогаш делува на мозокот, а со тоа и на расположението. Прва фаза е благо стимулативна до интезивна еуфорија, друга фаза е лесно депресивна, а третата е несоница. Се верува дека кофеинот брзо се елиминира од организмот, но тоа е заблуда. Имено, испитувањата потврдиле дека негативното дејство на кофеинот може да трае и до 12 часа по внесувањето на повишена доза. Многи од нас го користат кафето како лек против мигрена. Но, долготраен внес на кофеинот може да има тотално спротивен ефект – да предизвика главоболка. Незанемарлив факт е дека кафето содржи и големо количество на танини кои ја блокираат апсорпцијата на железото, дури и до 75%. Основната улога на железото е да го пренесува кислородот во крвта, а мозокот никако не може да функционира без кислород. Ако после неколку кафиња се јави умор и поспаност, тоа е поради недостатокот на кислородот (хипоксија), а како последица е деконцентрација, губитак на мотивација и меморија. Со овој проблем посебно се засегнати жените бидејки на нив дневно им треба 15мг железо. Ако за време на менструацијата, кога им е потребно поголемо количество на железо, пијат премногу кафе, се блокира апсорбцијата на железото и се јавува “лошото“ расположение. Бегство од проблемите значи ново кафенце, а ново кафенце значи зачаран круг.

Но кафеинот има ергогено дејство кај спортисти што претставува позитивно (стимулативно) дејство. Према бројни студии, кофеинот помага во метаболизмот на мастите со претворување на залихите на масти во слободни масни киселини, со истовремено намалената потрошувачка на гликогенот кој е најголем извор на енергија при долготрајни и напорни тренинзи и маратони. Кога ќе се погоди оптимално време на користење, кофеинот може да го продолжи времето кое е потребно за да дојде до границата на заморот. Студиите покажале ако се конзумира 3-6 мг / кг тт, еден час пред поголем напор, се зголемува издржливоста. Но, другата страна на медалот е дека кофеинот има диуретско дејство, а како последица е дехидратација, па ако напорот се одолжи, се јавува проблем кај спортистите. Кофеинот во крвоток влегува за 15 мин после конзумација. Бидејќи делува стимулативно на нервен систем, кофеинот ја зголемува работата на срцето, а со тоа и базалниот метаболизам. Но неговото делување трае кратко (30-60 мин) и потоа настанува втората фаза, депресија или low energy фаза. Сега доаѓаме до тие две три реченици за кофеинот од почетокот на статијава. Кофеинот во мали дози е стимулант, а во поголеми е депресив. Ако се користи со други стимуланси или со алкохол, доаѓа до појачување на дејството и тогаш се губи контролата. Затоа Олимписки комитет кофеинот го сматра и за условна дрога. Концентрацијата од 12 мг/л е прифатлива, а се над таа граница се сматра за допинг (2-3 шољи кафе е околу 100-130 мг кофеин).