Стара народна поговорка вели: „Кажи ми какви ти се крвните садови па ќе ти кажам колку си здрав“. Тука е свртено вниманието на двете најсмртоносни болести – срцев и мозочен удар, кои настануваат поради запушувањето на малите крвни садови во срцето и мозокот. Болеста се јавува поради преголема конзумација на масна животинска храна, а недоволен внес на овошје, со посебен акцент на цитрусно (лимон, портокал, цитрон). Флавоноиди (фитохемикалии) или таканаречени активни бои на овошјето се главните фраери во приказнава. Познати се и под името витамин П или цитрини. Толку се полезни што во експерименталните проби, тие покажуваат дури и антиканцерозно дејство. Докажано е дека од вкупно 4000 флавоноиди од овошјето и зеленчукот, многуте од нив во лабораторијските услови покажуваат антитуморно дејство. Флавоноиди се синтетизираат само во растителниот свет, луѓето и животните мора да ги внесуваат со исхраната.
Откако научниците успеале да го синтетизираат витаминот Ц, се поставува прашањето: што е подобро – таблета или лимон? Одговор на ова прашање долго време беше замка: дека тоа е, хемиски гледано, потполно идентична работа и дека е сосема сеедно што ќе се користи. Али, денес на ова гледаме сосема поинаку. Да, хемиски е и понатака идентично, али природно во лимунот постојат и други супстанци (флавоноиди) кои многу подобро делуваат заедно со витаминот Ц кога се во синергија. Ама ете, да се дојде до ова тврдење поминаа години и години со толку научни трудови. Секој витамин подобро делува ако се зема во природен контекст. Ма, главен заклучок е дека буквално се што се наоѓа во природата делува и се апсорбира подобро него било што што има етикета на него!
Флавоноидите се распространети и ги има насекаде во растителниот свет. Покрај цитрусите, ги има во секое тамно обоено овошје. Потоа ги има во зелениот, белиот и црниот чај, ги има во гравчето, спанаќот, хељдата… Ги има и во виното, и тоа повеќе се застапени во црното вино отколку во белото, поради тоа што црното вино ферментира заедно со кожичката на грозјето па е поголемо нивото на биофлавоноиди, меѓу кои најпознат е ресвератрол.
