Шеќер па шеќер, насекаде само за него се збори. И навистина имаме корист ако помалку внесуваме бели отрови во нашата исхрана. Ако барате похранливи начини да го засладите Вашиот живот, имаме добри вести:
постојат многу алтернативи за рафинираниот шеќер, кои не само што се вкусни, туку дури и имаат здрави квалитети.
Но, веднаш да расчистиме со една вистина: шеќерот е шеќер! Без разлика дали користите органски шеќер или мед или јаворов сируп, слатките работи сѐуште се ултра концентриран извор на енергија што можеби не му требат на Вашиот организам. Без оглед на видот, шеќерот влијае на крвотокот и ги активира биолошките механизми воспоставени за справување со калориите, како што е ослободување на хормонот инсулин. И во случај на слаби засладувачи, па и на оние без калории, едноставно вкусот на благото во устата е доволен за да предизвика реакција на оската мозок-црева наречена реакција на цефалична фаза која започнува со рецептори на јазикот. И затоа е најдобро да ги консумирате во умерени количини. Нема магично стапче, и ако нешто Ви се чини дека е премногу добро за да биде вистина, веројатно и е така! Подолу, ги рангиравме природните замени за шеќер од најдобри кон најлоши.
Мед
Медот е прекрасен природен засладувач кој се користи илјадници години како храна и лек. Познат по тоа што има антифунгални и антиоксидативни својства, медот содржи витамини и елементи во трагови, како цинк и селен, во зависност од тоа каде пчелите го собрале поленот.
А бидејќи медот не бара никакви конзерванси или други адитиви, тоа е многу важна факт! Но, да не заборавиме дека медот и понатаму е претежно шеќер: околу 30 проценти гликоза и 40 проценти фруктоза, плус неколку други посложени шеќери во мешавината.
Јаворов сируп
Ова течно злато направено од сокот од јаворот, а се добива со тропкање на дрвото, што овозможува слободно да истече чист сок кој е речиси без вкус. Потоа, сокот се вари и испарува за да се добие сируп со карактеристична килибарна боја со содржина на шеќер од околу 60%. Како и медот, јаворовиот сируп е богат со антиоксидативни минерали, како манган и цинк, кои можат да придонесат за здрав имунолошки систем.
Кокосов шеќер
Направен од сокот од кокосовата палма, кокосовиот шеќер обезбедува исти калории како и обичниот (бел) шеќер од трска. Сепак, кокосовиот шеќер е околу 75% сахароза и само околу 5% фруктоза (белиот шеќер е околу 50/50). Кокосовиот шеќер се рангира пониско по гликемискиот индекс отколку другите форми на шеќер, што значи дека со неговото конзумирањее нивото на шеќерот во крвта може да остане постабилно.
Нектар од агава
Нектар од агава или сируп од агава доаѓа од растението агава; да, истото она што се користи за правење текила. Нектарот од агава е направен од скробен корен на растението агава, кое е многу богато со олигосахарид инулин (главно фруктоза), кој потоа се претвора во „сируп“ преку хемиски процес.
Агавето некогаш беше „златен избор“ меѓу здравите засладувачи, но потоа падна во немилост поради неговата екстремно висока содржина на фруктоза – која може да биде и повеќе од 70% (во споредба со пченкарниот сируп кој содржи околу 55% фруктоза), иако фруктозата нѐ влијае на шеќерот во крвта на ист начин како што тоа влијае гликозата, таа сепак може да предизвика инсулинска отпорност.
Сируп од урми
Урмите се прекрасното чудо на природата! Тие навистина се бонбони на природата; тие се слатки како карамели, и, секако, преполни се со шеќери. 100 грама урми содржи околу 265 калории, од кои околу 90% се шеќер, главно во форма на гликоза и фруктоза (застапени подеднакво 50:50). Урмите се исто така богати со мноштво различни витамини и минерали (од витамини содржат витамин Б1, Б2, Б3, Б9, А и К, а од минерали калциум, железо, магнезиум, манган, бакар). Урмите се особено богати со растворливи влакна, кои помагаат во одржувањето на здравиот холестерол во крвта и стабилизирањето на нивото на шеќерот во крвта.
Ако сирупот од урми е направен од цели урми сварени со вода, дел од овие влакна ќе се задржат во него. Но, содржината на шеќер ќе биде концентрирана во споредба со урмите.
Меласа
Иако меласата е направена од шеќер од трска, таа е многу нутритивно погуста отколку сирупот од трска. Меласата содржи железо, калциум, калиум, магнезиум, витамин Б6 и селен. Селенот е еден од четирите основни хранливи материи за пациенти со Хашимото или друга тироидна дисфункција, потребни за претворање на неактивните хормони на тироидната жлезда Т4 во нивната активна состојба Т3. Исто така, се покажа дека селенот ги намалува антителата на тироидната жлезда кај пациентите на Хашимото. Со зголемување на внесот на само 200 µg, пациентите успеаја да ги намалат антителата за 64%!
Таа се добива така што се пресекува шеќерната трска со мачета, се отстрануваат надворешните лисја и се става дршката низ рачно преса за да се извлече сокот. Сокот се вари неколку пати за да настане меласата. На третото вриење, станува темна, густа и црна. Таа најчесто се користите како природен засладувач во многу пецива – тоа е она што му дава карактеристичен вкус на колачиња со ѓумбир. Сепак, има силен вкус кој може да биде премногу силен за други рецепти.
Да сумираме: Генерално, нема голема разлика помеѓу белиот шеќер и кој било од природните шеќери што ги споменавме погоре. За телото, тие се шеќер што ќе се претвори во гликоза како метаболичко гориво. И додека медот и јаворовиот сируп може да содржат некои хранливи материи, калории си се калории.
Така, иако овие природни и нерафинирани шеќери се навистина нутритивно подобри од рафинираниот бел шеќер, тие дефинитивно мора да се консумираат умерено.
И тука доаѓаме на другата страна од приказната … што е со нула-калоричните засладувачи што сте ги сретнале во продавницата за здрава храна?
Стевиа
Стевиа е растение со потекло од Јужна Америка, кое традиционално се користи од 16 век, а технологијата се базира на дробење на лисјата кои се користат за засладување. Она што денес го знаеме како стевија се соединенија со сладок вкус наречени стевиол гликозиди, а се извлечени од листот на стевијата, кои се над 200 пати послатки од еднаква тежина на белиот шеќер.
Стевиа се смета за засладувач со нула калории, бидејќи во количините што обично се користи, таа е без калории. За разлика од засладувачите со нула калории, како што е аспартамот, стевијата е добиена од растение, што значи дека може да се продава како природна, но ако нема други (скриени) додатоци.
Сепак, и покрај тоа што потекнува од „природен извор“, стевијата дефинитивно е лабораториска креација. За оние на кои им се потребни засладувачи или претпочитаат засладувачи со нула калории, одлично е што постојат овакви опции бидејки сепак тие се далеку подобри од вештачките засладувачи.
Но сепак, мислам дека стевијата за да ја вброиме како природна опција, е малку tricky. Ако сакате да користите стевиа, мојот совет е да ja користите умерено исто како и било кој друг природен засладувач како што е мед, јаворов сируп или добар старомоден шеќер од трска.
