Ајде да вибрираме..
Техника на дишење (пранајама) Брамари е безбедна и многу лесна, и поради тоа често ја практикувам на моите јога часови. „Брамари“ значи божица на пчелите, а звукот на пранајамата потсетува на звукот на зуењето (вибрација) на пчелите.
Таа е корисна за сите оние кои страдаат од анксиозност и депресија, кои се под тензија или страв, бидејки со нејзино практицирање умот може да се смири во рок од 10 минути. Една е од ретките пранајами што е безбедна да се практикува во бременоста.
Брамари е респираторна вежба, која го забрзува ослободувањето на азотен оксид (молекула на гас и клучен биолошки трансмитер што игра значајна улога во метаболичките процеси на клеточно ниво).
Азотен оксид ја забрзува микроциркулацијата на крвта со помош на дилатација и ослободување на спазам на периферните крвни садови (и го контролира крвниот притисок). Таа помага во подобра нервна трансмисија и во подобрување на меморијата. Влијае на апоптоза (стареење), репродукција, липолиза (дебелина) и регулирање на метаболизмот во телото (BMR). Азотен оксид ја контролира хормоналната секреција која го инхибира пролактинот, катехоламинот, кортизолот и отпорност на инсулин.
Од сето ова можеме да заклучиме дека со едноставно ослободување на азотен оксид (дишење), можеме да го контролираме, трансформираме и подмладиме нашето тело и ум, и да се ослободиме од разни состојби.
1. Седнете во удобна положба
2. Издолжете го ‘рбетот, свртете ги рамената нагоре па надолу, опуштете ги мускулите на лицето и вилицата
3. Вдишете длабоко низ нос, а потоа издишете што е можно побавно со затворена уста, правејќи го звукот на буквата М – м`мкајте(зуите како пчела)
4. Вдишете повторно и повторете. Вежбајте 10-15 пати
5. Можете да ја повторувате и некоја позитивна афирмација по Ваш избор, нпр. „Јас сум радосен/а и среќен/а во овој момент“.
Дојдете на нашите часови и истражете разни техники на пранајама, кои можат да Ви помогнат да се справите со животните ситуации.
