етерично масло од портокал

Портокалот е традиционален кинески симбол за среќа и благосостојба, бидејќи златната боја на овошјето, според нивната традиција, симболизира богатство. Исто така, се вели дека портокалот е златното јаболко што Хера му го дала на Зевс на денот на нивната венчавка.

Но, дали знаевте дека портокалот, всушност, е ХИБРИД?

Да, портокалите се хибрид од два цитрусни овошја: помело и мандарина, со 25% од геномот што потекнува од помело и 75% од мандарина.

А дали знаевте дека портокалот е по потекло од Азија!?

Додека Бразил и Флорида денес се главни производители на портокал, портокалите потекнуваат од она што сега е Јужна Кина и Малезија. Пред околу 2500 година пред нашата ера, патот на портокалот се движеше низ Азија, преку Блискиот Исток и Грција, па надолу до Африка и на крајот до Новиот свет, кога Колумбо го однесе семето на своето патување.

Но, да се вратиме на етеричното масло и неговите бенефити. Етеричното масло од портокал (Citrus sinensis) преку сетило за мирис влијае на мозочните центри одговорни за создавање и регулирање на емоционалните процеси и помага да се потисне стрес хормон кортизол. Се добива е со метода на ладно цедење на кора на свежи, сочни портокали (за шишенце од 15 мл потребни се 50-100 порокали).

Маслото од портокал содржи до 95% д-лимонен, а единствената поголема количина е забележана во маслото од грејпфрут. Д-лимонен е природно соединение што се наоѓа во кората на цитрусите. Има исклучително моќно антиинфламаторно дејство и е моќен антиоксиданс. Д-лимоненот помога при голем број на здравствени проблеми, така што ја подобрува дигестијата, го регулира холестеролот, го чисти мочниот меур од камења. Исто така, го детоксицира црниот дроб. Има смирувачки ефект, така што помага за длабок и квалитетен сон и ја смирува вознемиреноста. Покажува исклучително добри резултати во превенција од канцерогени заболувања.

На спиритуално и емотивно ниво, пороткалот помага во балансирање на сакралната чакра (Swadshisthana). Кога таа е блокирана, може да се почувствува емоционална нестабилност и ригидност на телото, и секако недостаток на креативноста. Есенцијално масло од портокал помага да се намали самокритичноста и самоосудувањето, опсесивното однесување и стравови со цел емоционалното тело да се опорави и да се балансира. Кога ги ослободуваме овие силни негативни емоции, можеме повторно да „видиме јасно“ и да направиме вистински животни избори.

Ова есенцијално масло ќе им помогне на оние кои имаат тенденција да работат премногу напорно, се стремат кон совршенство, но лесно се нервираат и се фрустрираат од грешките.

Покрај здравствените и емотивните придобивки, не помалку важни се и оние секојдневните. Па така, портокалот е одличен за кожата. И помага на мрсната кожа да го отстрани себумот. Меѓутоа, бидејќи е фотосензитивно, треба да се користи исклучиво за вечерна нега на кожата, а сонцето треба да се избегнува најмалку 24 часа по апликацијата. Поради голема количина на витамин Ц, есенцијалното масло од портокал помага да се спречи стареењето на кожата, спречува појава на брчки и флеки. Етерично масло од портокал помага при избелување на забите. По две недели примена, разликата е видлива (подолу е начинот на користење).

Го обожавам мирисот на маслото од портокал и често се наоѓа во мојот дифузер во комбинација со нане, thieves, копаиба, итн. Честопати, само го отворам шишето и вдишувам неколку пати за подобро расположение. Кога ми доаѓаат гости, сакам да ставам портокал во дифузерот бидејќи на повеќемина им се допаѓа тој мирис, а и создава пријатна и релаксирана атмосфера.

Предлози за дифузер:

vitamin sea:

5 капки свето сандалово дрво

3 капки лимета

2 капки лимон

2 капки портокал

колач од портокал:

3 капки портокал

3 капки Peace & Calming

3 капки копаиба

1 капка цимет

попладневен рестарт:

6 капки портокал

4 капки пеперминт

citrus dream:

2 капки лимон

2 капки портокал

2 капки бергамонт

good vibes:

2 капки портокал

2 капки white angelica

fall leaves:

2 капки thieves

4 капки портокал

inner strength:

3 капки портокал

2 капки frankincense

Како да го употребувате ова масло за да го почуствувате неговиот бенефит:

  • Како освежувач на воздух – во шишенце со распрскувач капнете по 10 капки од секое етерично масло: портокал, цимет, пеперминт и испрскајте го воздухот низ собата
  • При вознемиреност – капнете капка две на дланките, протријте ги дланките и вдишете неколку пати. Остатокот од маслото, намачкајте го задниот дел од вратот
  • Кога децата се хиперактивни – ставете во дифузер неколку капки од ова масло (истото масло ќе влијае на мрзливи деца)
  • Серум за лице – направете серум за лице со капнување на 3-4 капки портокал и 3-4 капки темјан во шише од 5 ml, и надополнете го шишето со базното масло кое одговара на Вашата кожа
  • За коса – би било идеално да направите свој природен шампон за коса. Но, ако ја немате таа можност, тогаш додадете десетина капки во Вашиот шампон за да делува против перут и разни бактерии.
  • Белење на забите – нанесете 1 капка етерично масло од портокал на паста за заби при четкање на забите наутро и навечер и ќе ги видите резултатите многу брзо. Покрај тоа, го одржува свежиот здив многу подолго од самата паста за заби
  • За брзо расонување и добра дигестија – помага да се разбудите побрзо со само 1 капка во малку млака вода насабајле
  • За дигестија – поради тоа што ова масло има анти-спазмичко дејство, делува полезно врз дигестија на храна и при повремени грчеви во стомакот, а може да помогне во редовно празнење на цревата. Нанесете 1 капка од портокал и 1 капка Digize масло со базно масло (маслиново, бадемово, кокосово или кое Ви одговара) и масирајте го стомачето во правецот на стрелките на часовникот – обратно ако сакате да зауставите дијареа (одговара и за болки кај бебиња)
  • Спреј за дезинфекција – капнете 10 капки портокал и 10 капки thieves во шишенце од 100 мл и додадете алкохол или оцет и прастајте ги површините (во ова време на корона, можете да ги прскате и маските за носење, така што наместо целосно да ставите алкохол, ставете ⅓ алкохол и ⅔ вода)
  • За освежување на кантата за смет – помешајте шоља сода бикарбона, шоља сол, пола лажиче сјај за садови и 4 капки маслото од портокал. Убаво измешајте и ставете една лажица во канта за смет (остатокот чувајте го во стакленка) и додадете 50 мл оцет, оставете 10тина минути и исперете со вода. Истата мешавина може да ја искористите за дезинфекција на дрвените даски за сецкање
  • За балансирање на хормоните – капнете капка две од маслото од портокал и додадете базно масло (маслиново, бадемово, кокосово или кое Ви одговара) и мачкајте го вратот, од сите страни
  • За варено вино – ако сакате да уживате во магичен мирис на варено вино, додадете на крај 5 капки портокал, 3 капки цимет и 2 капки ѓумбир
  • За собни билки – ако Ви се појават бубачки на Вашите цвеќиња, во 100 мл шишенце со спреј ставете 20 капки од масло од портокал и испрскајте го цвеќето
  • За флеки на алишта – ако имате флека на алиштата, капнете 2 капки на памучно туферче и исчистете ја флеката
  • За целулит – ставете 5 капки во 50 мл масло за тело и масирајте го делот од телото зафатено со целулит