Етерични масла се животна сила на растението, неговата суштина. Како што пиеме чаеви, така се користат и етерични масла – но со многу поинтензивни резултати бидејки се до 60 пати посилни од растението од кое потекнуваат. Тие се толку моќни што можат да влијаат на нашето физичко тело, а сепак се толку нежни и без негативни последици што можат да се користат и кај новороденчиња.
Дејствуват исклучително брзо. За 20 секунди по вдишувањето, стигнуват до мозокот и почнуваат да влијат врз нашите емоции, за 2 минути се во нашиот крвоток, а за 20 минути доспеваат до секоја клетка во телото.
Освен на телото, одлично влијат и на нашите емоции. Зошто? Бидејки сетило за мирис е единствено сетило директно поврзано со лимбичкиот систем во мозокот кој ги контролира емоциите, па со вдишување на маслата директно влијаеме на расположенијата, сеќавањата и програмите на нашиот ум. Ако се со терапевтски квалитет, како што се маслата Young Living, имаат и високи фреквенции. На овој начин, освен на нашето тело и нашите емоции, тие влијаат и на нашето енергетско тело.
Секој човек се раѓа со одредена и строго индивидуална фреквенција. Овие електромагнетни бранови ги диктираат сите биохемиски реакции во телото. За една минута во клетката се случуваат околу 30.000 биохемиски реакции со строго определен редослед и брзина, заедно со фреквенцијата што ја има личноста. Секоја причина како вируси, бактерии, лоша исхрана, загадена средина, стресни ситуации, лекови може да ги деформира вибрациите во клетката, да ги зголеми или ослабне. Во тие моменти со правилна исхрана и билни суплементи ќе му помогнеме на организмот да ги создаде сите потребни материи за самолекување. Може да помогне и класична музика, позитивни мисли, љубов, медитација/молитва..
Еве на пример: негативна мисла ја намалува фреквенцијата за 12 MHz, позитивната ја зголемува за 10 MHz, преработена храна има фреквенција 0 MHz, свежо овошје и зеленчук до 15 MHz, сушени билки 12-22 MHz, етерични масла 52- 320 MHz.
Етерични масла докажано ја зголемуваат фреквенцијата на телото за само неколку минути. Секако, ова е точно доколку користите навистина чисти, терапевтски масла, а не оние од синтетичко потекло или со додавање на истите.
