digging deeper to Purification

Дали сте спремни да копнеме подлабоко во Прочистувањето? Овој бленд е едно од првите масла кои ги пробав, а воедно на сите кои штотуку почнуваат со масла им советувам да го користат првен овој бленд во дифузерот за да ги елиминира сите мириси и да се ослободат од лошата енергија во домот и на тој начин да остави чиста основа за сите други масла!

Purification има чист, освежувачки мирис. Кога се дифузира, овој бленд ги елиминира несаканите мириси и да го одржува простор да мириса чисто и свежо. Маслото Purification ги содржи етеричните масла од маточина, чајно дрво, мирта, рузмарин, цитронела и лавандинот хармонично измешани за да го наполнат воздухот со арома на сладок лимон и свежо сомелени растенија. Растителните извори за овие масла доаѓаат од многу егзотични и убави локации: маточината е родена во Индија, Гватемала и други тропски земји, а цитронела потекнува од Шри Ланка.

Цитронела (Cymbopogon nardus)

Многумина од нас знаат за цитронелата бидејќи таа е состојка во речиси секое средство против инсекти, но дали знаевте дека има многу други корисни особини? На пример, цитронелата може да ја освежи, прочисти кожата, а истовремено да го поддржи респираторниот систем и нормалната дигестија. Цитронела има многу освежувачки и возбудувачки мирис.

Маточина (Cymbopogon flexuosus)

Историски, маточината се користи за прочистување и поддршка на дигестивниот систем, но може да помогне во одржувањето на здрава циркулација и да го регулира лимфниот систем. Маточината е одлично масло за масажа во комбинација со кокосово масло за одржување на здраво ткиво и лигаменти. Маточината се смета за „жешко“ масло; избегнете ја иритација на кожата со разредување пред нанесувањето.

Lavandin (Lavandula hybrida)

Лавандин е од фармата во Прованса, Франција и всушност е спој помеѓу Lavandula augustifolia и шилеста лаванда Lavendula latifolia. Сега, зошто се користи Лавандин наместо Лаванда во ова масло? Верувам дека тоа е затоа што Лавандин е познат по своите прочистувачки особини – на крајот на краиштата и затоа се нарекува Прочистување! Лавандинот има слични смирувачки ефекти како лавандата и може да помогне во поддршката на респираторниот систем и да изрегулира здрава циркулација.

Рузмарин (Rosmarinus officinalis)

Во античка Грција (околу 1.000 п.н.е.), рузмаринот се палел како темјан како верување дека тоа ќе не одбрани злото, практика која на крајот ќе стане прифатена од оние кои сакаа да се заштитат себеси. Рузмаринот може да поддржи здрав респираторен систем и може да помогне да се истакне ментална јасност и концентрација.

Чајно дрво (Melaleuca alternifolia)

Чајното дрво е многу популарно масло. Има многу чист свеж мирис и кога се нанесува на кожата може да помогне да се истакне здрав изглед на кожата. Чајното дрво е познато по своите својства за прочистување и може да помогне во природната реакција на телото на повреди и иритации на кожата.

Мирта (Myrtus communis)

Маслото од мирта има благ мирис, но може да даде моќни резултати! Миртата е нежно масло и е типично средство за поддршка на респираторниот систем кај децата. Може да помогне во регулација на здрава кожа, а посебно по напорниот тренинг.

Еве уште неколку совети за производи во кои ќе уживате:

  • Освежете го воздухот во домот

Ставете етерично масло во дифузер за да го исчистите воздухот во просторијата и тоа ќе ги отстрани мирисите од Вашиот дом, дури и оние силните. Дифузирајте пред и по собирањето во Вашиот дом, и без разлика на чад и други мириси, просторот ќе мириса на чисто и ќе се ослободите од лошата енергија во просторот во кој боравите

  • Отстранете ги смрдливите мириси низ домот

Капнете неколку капки на памукче и ставете на дното на кантата за ѓубре за да ги неутрализирате мирисите

  • Победете го херпесот и афтите

Херпесот и афтите се многу болни и може да потрае временски пред да исчезнат. Ставете една капка Purification на директно на раната три пати на ден

  • Отстранете ја мувлата

Ставете неколку капки Purification на местото каде се појавила мувлата и исчистете за да ги отстраните сите траги

  • Направете домашен спреј против инсекти

Измешајте го Purification со вода во стаклено шише со спреј и испрскајте ја облеката и кожата за да ги одвратите бубачките и комарците. Без хемикалии!

  • Третирајте убоди од бубачки/комарци

Убодите од комарец и другите инсекти воопшто не се забавни. Запрете го чешањето и дезинфицирајте го убодот со капнување на една капка Purification врз него

  • Зацелете ги раните од посекотини, гребнатици и плускавци

Капнете директно на посекотини и рани за да ги дезинфицирате и смирите. Тоа ќе го поттикне зацелувањето на ткивото на кожата и ќе ја дезинфицира областа. За да го отстраните крлежот, ставете 1 капка директно на него

  • Освежете ги заборавените алишта

Заборавивте испрани алишта во машината за перење? Отстранете го мирисот на мувла така што ќе ги ставите во машина за сушење и ќе додадете влажна крпа со две капки Purification

  • Исчистете ја машината за перење

Ставете ја машината за перење на циклусот на плакнење и додадете две до три капки Purification. Исто така, наместо омекнувач ставете Purification и алкохолен оцет. Без хемикалии!

  • Освежување на креветот на Вашето куче

Измешајте 10 капки Purification во 200 мл вода во стаклено шише со распрскувач и испрскајте го креветот на Вашето куче за да го отстраните непријатниот мирис

  • Ослободете се од болви и крлежи

Purification може да се користи како третман за болви за мачки. Ставете две капки на вратот на Вашата мачка за да се ослободите од болвите и крлежите. Можете да го сторите истото и кај кучето, но ќе треба да капнете повеќе капки во зависност од големината на Вашето куче

  • Олеснете ја болката во грлото

Ако Ве боли грлото, нанесете една капка на вратот

  • Нанесете на мозолчиња

Една капка Purification може да помогне брзо да се ослободите од мозолчињата и да се обнови кожата. Purification со малку масло од јојоба или кокос е одлично за мрсната Т зона бидејки содржи чајно дрво кое е одлично за масна кожа

  • Освежете ја Вашата бања

За да се ослободите од неугодните мириси во Вашата бања, ставите капка Purification на памук и да го поставите во отворот за вентилација или на некое повисоко место

  • Направете свој спреј за освежувач на воздухот

Измешајте 10 капки Purification со 100 мл дестилирана вода во стаклено шише со распрскувач и испрскајте ги местата што сакате да ги освежите, како што е кауч во дневна соба, кревет во спална соба и сл.

  • Користете го како дезодоранс

Разредете го во однос 1:1 со масло кое е погодно за Вашата кожа (кокосово, бадемово, невеново) и намачкајте ги пазувите наместо да користите дезодоранс. Овој микс ќе Ви помогне помалку да се потите и да го отстраните неугодниот мирис

  • Освежувач за патики и чевли

Ставете капка две Purification на памучен тупфер и ставете ги во патиките или чевлите. Мирисот ќе исчезне и чевлите ќе мирисаат на свежо и ново!

  • Заштитете се од бактерии

Микробите можат брзо да се шират во мали простори, како што се авионите. Кога патувате, ставете неколку капки масло на дланките и периодично вдишувајте. Ова ќе Ви помогне да не вдишувате премногу бактерии од воздухот во авионот

  • Хигиена на душекот

Дали е потребна? Големо ДА, бидејќи најголемиот дел од животот го поминуваме во кревет, а знаеме дека душеците се легло на прашина, бактерии, пот, грини.Чистењето го правам со помош на етерични масла. Потребни ви се 1/2 чаша сода бикарбона, 10-15 капки етерично масло Purification и каранфилче. Убаво измешајте и посипете го душекот, распределете рамномерно, истријте со рака и оставете околу 1 час и потоа поминете со правосмукалка од горе до долу. Самата сода бикарбона не е доволна за да се неутрализираат непријатните мириси, од искуство. Душекот после ова е миризлив и чист, а пријатните соништа се загарантирани

  • Зајакнете го имунолошкиот систем

Се чувствувате омалаксано? Измешајте неколку капки Purification со базно масло (како кокосово, маслиново, бадемово масло) и намачкајте ја слузницата на влезот во носот

  • Отстранете ги испарувањата од бојата за бојадисување

Кога бојадисувате соба, мирисот на бојата може да се задржи со денови. Ставете Purification во дифузер во свежо искречена просторија и испарувањата на бојата ќе исчезнат за неколку часа до еден ден, во зависност од големината на просторијата

  • Ослободете се од мирисите во печката

Ставете две капки Purification во чинија со вода и оставете го садот во печка на 50°С 10тина минути и мирисот ќе го снема!

  • Дезодорирајте го тепихот

Ако Вашиот тепих мириса непријатно, на мувла или домашни миленици, направете свој дезодоранс за теписи со Purification. Во стаклена тегла, наполнете ја со сода бикарбона и 20 капки масло за прочистување и измешајте темелно. Поспете ги местата на тепихот каде мириса и почекајте 15 минути. Исправосмукајте го и уживајте во свежиот мирис