Прашокот за пециво и квасецот имат слична улога при печење, но дејството им е многу различно. Прашокот за пециво ја добива својата моќност од хемиска реакција која произведува меурчиња воздух, додека квасецот е вистински жив организам и произведува гас од биолошка реакција. Двата процеса воопшто не се слични, а двата производи не се заменуваат во рецептите.
Квасец
Квасецот е едноклеточен жив организам кој всушност е габа (Saccharomyces cerevisiae). Кога купувате квасец, обично е во „заспана“ состојба. Квасецот се „буди“ кога се меша со течност за да се рехидрира и мора да се нахрани со шеќер за да се одржи во живот. Бидејќи квасецот го метаболизира шеќерот, произведува нуспроизводи како CO2 и алкохол.
Прашок за пециво
Прашокот за пециво се состои од киселина и база, т.е е составен од сода бикарбона и една или две киселини во прав. Кога течноста се додава, базата и киселината се раствораат, мешаат и формираат хемиска реакција, т.е се ослободуваат меури од CO2, вода и сол како нуспроизводи.
Да сумираме:
Прашок за пециво произведува речиси моментална реакција. Ова значи дека лебот или пецивото мора веднаш да се пече и е погодно кога ни треба испечен леб побрзо. Квасецот, од друга страна, прави воздушни меури во тестото многу побавно. Квасецот не престанува да се репродуцира и да прави воздушни меури сè додека не се убие со топлина или недостаток на храна. Па така се потребни околу 2 часа за целосно подигање на тесто и затоа е попогоден кога имаме време за замесување.
🍞
Рецепт за леб со прашок за пециво
- 330г интегрално брашно
- 60г хељдино брашно
- мало лажиче сол
- 10г прашок за пециво
- 2,5 дл билно млеко
- 2 лажици маслиново масло
- 2дл минерална вода
- 3 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено семе
- пола лажиче ким
Во две чинии се мешат посебно суви и течни состојки, па во чинија со сувите се додават течните и се заедно се промешува. Во плех за леб се става хартија за печење и се посипува со овесни, ленено и ким, па се исипува тестото. Зарежете го тестото на неколку места и се пече половина час на 200°, па половина час на 180°.
Уживајте 💗
