postnatal cuddlings

Вашиот онлајн нацрт план кој ќе Ве води кон целосно опоравување, како на физичко така и на емотивно и ментално ниво

Заслужувате да имате најдоброто опоравување по породувањето

Почетокот на мајчинството е без сомнение еден од најтешките периоди во животот на секоја жена. Не само што имате мало човече за кое треба да се грижите, туку морате во исто време да го поминете периодот на опоравувањето од породувањето.

Сега повеќе не сте саме!!!

Јас ќе Ве водам низ целото патешествие во опоравувањето и обнувувањето како телесно така и духовно и емотивно, почнувајќи од првиот ден по породувањето, учејќи како да се заздрави карличниот под, помош при диастазисот и она најбитното, да го вратите чувството за себе.

„Постпородилно гушкање“ е онлајн програма со комплетна програма на јога пракса (асани, техники за дишење, медитации, визуелизации, музика за опуштање), како и соодветна исхрана за постпородилен период која ќе Ви помогне за побрзо закрепнување во целиот процес на опоравувањето (мени со рецепти, диетни насоки, препораки и примери) предводена од мене – мајка која својата љубов подеднакво ја дели со нутриционизмот и јогата (дипломиран нутриционист и сертифицирана јога инструкторка со специјализирана обука за пренатална и постнатална јога).

Програмата вклучува модули со видео, аудио и PDF содржина, кои можете да ги поминувате со свое темпо, без да излезете од дома! Оваа програма Ве води низ точните чекори што треба да направите за да имате најдобро можно опоравување и по вагинално породување и по царски рез.

Оваа онлајн платформа Ви обезбедува:

едукација која ќе Ви помогне да се движите низ секоја фаза од постпородилно опоравување почнувајќи од првиот ден по раѓањетокомплетна програма на јога пракса фокусирана на заздравување на абдоминална сепарација и карлица од првата недела по породувањетодизајнирана имајќи во предвид дека денот Ви е целосно пополнет па секое видео е долго околу 15-20 минути, за да може да се вклопи во Вашиот ден!соодветна исхрана за постпородилен период која ќе Ви помогне за побрзо закрепнување во целиот процес на опоравувањето

„Постпородилно гушкање“ е создадена за нови мајки кои се опоравуваат било по вагинално породување било по царски рез. Ова програма не само што ќе Ви даде поголемо разбирање кон телото, туку ќе Ве научи како безбедно да ја вратите силата за да можете повторно да се почувствувате себеси.

~ сеопфатно знаење и практични стратегии за тоа како најдобро да се опоравите по вагинално породување или царски рез

~ запознавање на физиолошките промени што се случуваат во телото по породувањето

~ важноста на вежбите на карличниот под и како правилно да ги активирате внатрешните стомачни мускули

~ како да ја излекувате абдоминалната одвоеност (diastasis recti)

~ како да се спречат и да се справите со проблемите со пролапсот и мочниот меур

~ како најдобро да се грижите за себе си и за бебето

~ како да започнете безбедно да го движите телото по породувањето и побрзо да се вратите на вежбањето

~ нивоа на јога вежби почнувајќи од првата недела по раѓањето до неколку месеци после породувањето

~ важноста на постнаталната исхрана и што треба да јадете за да овозможите најдобро закрепнување

Пријави се на ова онлајн програма за побрзо опоравување и полесна транзиција во мајчинството со кликање на копчето 👇