која е точната теорија за слабеење?

Кога станува збор за слабеење, нема пополемизирачка тема од „внесени калории наспроти потрошени калории “. Ајде го истражиме секој агол на ова дебата од „calories in vs. calories out (CI-CO)“, преку хормонални проблеми, до диети со „метаболичка предност“.

Кога внесувате повеќе енергија отколку што согорувате, добивате тежина. Кога внесувате помалку енергија отколку што согорувате, губите тежина. Ова е фундаментален концепт во регулација на телесната тежина, и е приближно до научниот факт.

Но зошто CI-CO е изворот на толку многу несогласувања?

Едните веруваат дека: или внесувате премногу калории, или не се движите доволно, или и двете. А другите веруват дека не се земени предвид хормонските нерамнотежи, отпорноста на инсулин, синдромот на полицистични јајници (PCOS) и други здравствени проблеми кои влијаат на метаболизмот. Ниту една од двете гледишта не е целосно погрешна, но ниту се во право.

„Јадете помалку, движете се повеќе“ ги зема предвид само калориите што ги внесувате и калориите што ги согорувате преку вежбање и други дневни движења. Но, равенката за енергетска рамнотежа ги вклучува сите сложени внатрешни дејствија во телото, како и надворешните фактори кои на крајот влијаат на ова равенка. Императив за ова, а често се занемарува, е мозокот кој постојано прави контрола, испраќа и прима пораки од цревата, хормоните, органите, мускулите, коските, масните клетки, за да помогне во балансирање.

[еnergy in] – [еnergy out] = промени во телесните резерви*

* Намерно не користев „промена на телесната тежина“ овде бидејќи сакам да ја исклучам тежината на водата, која може да ја промени телесната тежина независно од енергетскиот биланс. Со други зборови, водата е збунувачка променлива.

Калкулаторите на калории не функционираат баш како што ги замислуваме. Клучните зборови овде се „проценка“ и „приближно“. Дури и ако сте во можност прецизно да го измерите секој залак што го јадете, сепак нема да имате точен број на калории. Еден од битните фактори е:

Ние не ги апсорбираме сите калории што ги консумираме!!!

Препораки:

  • апсорбираме повеќе калории отколку што се проценува од храната богата со растителни влакна и помалку калории отколку што се проценува од јаткастите плодови и семките
  • сите ние апсорбираме калории уникатно врз основа на нашите индивидуални цревни бактерии
  • ако имате квалитетен сон, тогаш можете подобро да ги регулирате хормоните на гладот и да го зголемите метаболизмот
  • користете ги техниките против стрес, како медитација, длабоко дишење и поминување повеќе време во природа
  • зголемете го дневното движење без да вежбате така што ќе го паркирате автомобилот малку подалеку, користете ги скалите наместо лифтот и сл
  • подобрете го квалитетот на оброците, наместо да намалувате на количината. Ова може да ви дозволи да јадете повеќе храна со помалку вкупни калории
  • промена во макронутриенти, нпр.јадете повеќе протеини и влакна, или зголемете ги јаглехидратите и намалете ги мастите, или обратно
  • експериментирајте со зачестеноста и времето на вашите оброци

5 дилеми за енергетски биланс

Дилема бр. 1: „Секогаш јадам исто, но наеднаш почнав да се дебелеам“

Виновникот може да биде:

  • мало зголемување во внесот на храната, без да приметите поради промени во расположението, гладот ​​или стресот
  • зголемување на количината на апсорбирана енергија – предизвикана од нови лекови, непозната медицинска состојба или историја на хронична диета
  • физиолошки промени кои резултираа со помалку согорени калории за време на вежбање и во мирување
  • значајни промени во квалитетот и/или квантитетот на спиењето, кои влијаат на метаболизмот

Енергетскиот биланс едноставно се смени на суптилен начин и го отежнува препознавањето.

Дилема бр. 2: „Хормони ми прават хаос на метаболизмот и не можам да престанам да се здебелувам“

Хормоните се редовно прогласени за жртвено јаре при промени во тежината. Иако тие веројатно не се виновни толку често колку што мислиме, сепак се сложено испреплетени со енергетскиот биланс и луѓето не се дебелеат поради „хормоните“.

Тие добиваат тежина бидејќи нивните хормони влијаат на нивната енергетска рамнотежа. Ова често се случува за време на менопауза или кога нивото на тироидните хормони се намалува.

Земете, на пример, тријодотиронин (Т3) и тироксин (Т4), два тироидни хормони кои се неверојатно важни за метаболичката функција. Ако нивото на овие хормони се намали, може да дојде до зголемување на телесната тежина. И да, бидејки имаме промена во енергијата, оваа промена може да се должи на хормоните, и ако е така, ќе мора да се направи корекција на навиките за јадење, вежбање и/или животниот.

Истото важи и за жените кои страдаат од синдром на полицистични јајници, или PCOS и оние кои минуваат низ менопауза, па може да доживеат хормонални промени кои го нарушуваат енергетскиот баланс.

Дилема бр. 3: „Јадам само 1.000 калории дневно и сè уште не губам тежина!“

Тука евидентно доаѓа до нарушување на метаболизмот. Кои се причините?

Причина број 1: не се вброени сите калории, посебно внес на скришните калории (една лажица путер од кикирики, всушност може да бидат и две, што е плус 90, потоа залчињата, лижењето на лажица од сосот и вкусување на калорична храна и ете плус 100 калории)

Причина бр. 2: прејадување за време на викендите (пример, едно лице внесува 1.500 калории дневно во работните денови, што би му овозможило дефицит од приближно 500 калории. Но, за време на викендите малку отстапува од својот план – пијалоци со пријателите и неколку парчиња пица доцна навечер во петок = дополнителни 4.000 калории и така го анулират својот дефицит, зголемувајќи го на 2.071 калорија.

Дилема бр. 4: „Јадам колку што сакам и сè уште губам килограми, па оваа диета е подобра од сите други!“

Земете ја кетогената диета, на пример. Поголемиот внес на протеини ја зголемува ситоста и го намалува апетитот. Ограничениот избор на храна ги намали стотиците високо-преработени калории што можеби сте ги јаделе (тестенини! чипс! колачиња!) Течните калории – газирани сокови, дури и млеко – се забранети, така што поголем дел од калориите се консумираат од цврста храна, која е позаситена. Повисоките нивоа на кетони во крвта – кои се зголемуваат кога јаглехидратите се ограничени – го потиснуваат апетитот… Иако може да изгледа магично, кето диетата резултира со губење на тежината преку регулирање на „енергијата“ на различни начини. Што е заклучокот??

Слабеењето не зависи само од исхраната – тоа зависи и од однесувањето. Да се има здраво тело (вклучувајќи здрава телесна тежина) треба да се развиват конзистентни, одржливи дневни навики кои Ви помагаат позитивно да влијаете на енергетски дефицит. Ова може да се постигне додека уживате во храната што ја сакате:

  • јадете додека не се заситите 80%
  • јадете полека и внимателно
  • јадете повеќе минимално обработена храна
  • имајте квалитетен сон
  • намалуете го стресот

Дилема бр. 5: „Сакам да се здебелам, но колку и да јадам, не ми успева“.

Изненадувачки, но тука се гледа дека CICO не работи. Наместо да се внесете 3000 калории еден ден, а потоа да јадете 1500 следниот ден, стремете се внесот на калории да биде со средната вредност која можете да ја одржите, а зголемувајте го во мали количини со текот на времето, доколку е потребно.